Од утре почнуваат градежни активности за обнова на патот од Кадино до Хиподром, на потегот од наплатната станица Петровец кон Хиподром, заради што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај и ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.