САД силно го поддржува членството на Македонија во НАТО и фрустрирани сме поради фактот што овој процес не е забрзан. Тоа е назавршена работа во долгогодишните напори со нашите сојузници и партнери за една целосна, слободна и мирна Европа.
Ова денеска го истакна амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на одбележување на Денот на НАТО, односно 66-годишнината од основањето на Северноатлантската алијанса, организирана од Евроатлантскиот совет на Македонија и Министерството за одбрана во Домот на АРМ.
– Патот напред вклучува три области каде Македонија може да работи и каде можеме да помогнеме. Прво, на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во декември минатата година ја потврдивме одлуката од Букурешт од 2008 година околу поканата за членство на Македонија и ги поттикнавме Македонија и Грција да најдат заемно прифатливо решение за името. Во меѓувреме двете земји ја зајакнаа билатералната комуникација, а министрите за надворешни работи Попоски и Коѕијас ги посетија Атина и Скопје во текот на минатата година. Покрај тоа има и зголемена меѓувладина соработка во секторите на образование, бизнисот и граѓанско општество. Мигрантската криза исто така ја покажа стратешката потреба од соработка помеѓу земјите. Не постои подобро време од сега да се одврзе јазолот околу спорот со името, а САД и меѓународната заедница ќе пружат поддршка во овие напори, истакна Бејли.
Според него, втор сегмент за напредок на Македонија е модернизација на вооружените сили и учество во операции предводени од НАТО и други меѓународни организации.
– Македонија е сојузник во вакви операции повеќе од една деценија, вклучително 39 те припадници на АРМ кои се моментално дел од мисијата Одлучна поддршка во Авганистан. Исто така Македонија учествува во многу меѓународни вежби преку кои ги подобрува своите способности. Министерството за одбрана вложува во модернизација на армијата преку десетгодишен план за инвестиции, а САД ќе продолжи да дава поддршка преку билатерална помош, додаде Бејли.
Порача дека НАТО не е само збир на воени сили, туку дека НАТО е семејство кое споделува заеднички вредности и желба да се заштитат тие вредности исто толку како и луѓето и териториите. Северно-атланската повелба ги нагласува принципите на слобода, демократија и владеење на правото, а земјите аспиранти мора да ги исполнуваат овие критериуми.
– Земјите-членки мора да ги спроведат реформите во изборниот процес, отчетноста, владеење на правото и демократските слободи. Кредибилни услови, работата на Специјалниот обвинител, медиумските реформи и други области заедно испраќаат стратешка порака до идните партнери во НАТО околу вашата посветеност кон вредностите на северно-атланската повелба. Половични мерки испраќаат спротивна порака, што може да резултира во ерозија на поддршката, истакна Бејли и нагласи дека овие три области претставуваат можности, кои треба да се искористат.
Полскиот амбасадор во Македонија Јацек Мултановски рече дека Полска отсекогаш била голем поддржувач на политиката на отворени врати, што е од особена важност за стабилноста и безбедноста на евро-атланската заедница.
– На самитот во Варшава ќе ја повториме нашата силна заложба за проширување на НАТО, вклучително аспирациите на Република Македонија. Членството во НАТО значи и демократски вредности, владеење на правото, слобода на медиумите и независно судство, истакна Мултановски.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски нагласи дека е убеден оти на самитот на НАТО во Варшава земјите членки ќе најдат начин високо во агендата да го стават прашањето за проширување на Алијансата.
– Пристапувањето на Црна Гора во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста на регионот. Активирање на МАП процесот за Босна и Херцеговина ќе биде силна поддршка за нашите пријатели од таа држава кои силно се борат за европската перспектива. Македонија останува посветена на евроатлантските интеграции бидејќи главен стратешки интерсес на нашата земја е зачленувањето во НАТО. Македонија ги споделува и промовире истите вредности со земјите членки на Алијансата, рече Јолевски.
Нагласи дека членството ќе придонесе на натамошно јакнење на стабилноста и безбедноста што ќе влијае врз деловната клима, економскиот раст и развојот и благосостојбата на нашите граѓани. Потсети дека досега успешно се реализирани 16 МАП циклуси и дека моментално привршува 17-тиот.
– На самитот во Букурешт беше истакнато дека Македонија ги исполнува условите за членство во НАТО, а не ја добивме поканата заради познатите причини. Се надевам дека на самитот во Варшава нашиот јужен сосед ќе ја почитува пресудата и препораката на високиот судски орган на светската организација Меѓународниот суд за правдата. По 2008 година Македонија значајно го зголеми својот придонес во меѓуародните мировни мисии и регионална соработка, а ги интевизираше и одбрамбените реформи, рече Јолевски.
НАТО, додаде министерот Јолевски, се потврди како силен политички сегмент и клучен безбедносен промотор за спроведување на заеднички, цивилизациски реформи со кои се јакне општеството, кои, како што рече, се значајни не само за Алијансата, туку и за земјите кои сакаат да се приклучат кон неа.
Според претседателот на Евроатлантскиот совет Исмет Рамадани, на самитот на НАТО во јули во Варшава, Македонија ќе биде тема за разговор, а тоа значи, како што рече, дека очекуваме, ако ја надминеме политичката кризата да добиеме награда, односно поканата за членсво во Алијансата.
– Денеска ќе упатиме пораки дека остануваме на патот кон евроитеграциите, без разлика на полтичката криза која ја имаме. Нашата порака е што побргу да ја надминеме таа криза, а лидерите на поголемите партии да направат се за да се одржат фер избори и да се исполни се што произлегува од Пржинскиот договор, рече Рамадани.
Истакна дека соработката со Министерството за одбрана продожува затоа што, како што рече, многу работи се зависни меѓусебно за сигурен пат за членство во НАТО.
Во рамките на одбележување на основањето на НАТО на 14 април ќе се одржи меѓународна конференција, а на 26 април симулација од студенти кои ќе симулираат Самит.
Ова денеска го истакна амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на одбележување на Денот на НАТО, односно 66-годишнината од основа