Одбележана е една година од исчезнувањето на малезискиот авион

Семејствата на 239-те патници и членови на екипажот од исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ од летот 370, денеска одбележаа една година од исчезнувањето на авионот, со ветување дека никогаш нема да се откажат од потрагата по остатоците и добивање одговор на прашањето што се случи со нивните најблиски.Неколку десетици роднини се собраа пред најголемиот будистички храм во центарот на Пекинг, носејќи маици на кои пишува „Никогаш не се откажувајте, продолжете со потрагата“, но припадниците на обезбедувањето не ги пуштиле да влезат во верскиот објект.
Во текот на денот во Куала Лумпур, исто така, ќе биде одбележана годишнината од исчезнувањето на авионот, во организација на групата „Војс 370“, во која членуваат роднините на жртвите, а малезиската Влада ќе објави прелиминарен извештај за несреќата, што е нивна обврска кон прописите на меѓународната цивилна авијација.
Иако авионот сѐ уште не е пронајден, властите на трите земји кои ја водат истрагата – Австралија, Малезија и Кина, тврдат дека и понатаму се оптимисти дека леталото ќе биде пронајдено во јужниот дел на Индискиот Океан, каде се претпоставува дека авионот се урнал, летајќи на релација Куала Лумпур – Пекинг.Неколку десетици роднини се собраа пред најголемиот будистички храм во центарот на Пекинг, носејќи маици на кои пишува „Никогаш не се откажув

Пронајдете не на следниве мрежи: