Одбележани 10 години од смртта на Тоше Проески

Тажно, но и достоинствено е денеска на Гумење во Крушево, на вечното почивалиште на Тоше Проески, големата македонска и балканска музичка ѕвезда која во сообраќајнаа несреќа кај Нова Градишка Хрватска, точно пред 10 години, го загуби својот живот.Тоше го нема, но остануваат неговите песни и неговите хумани дела, беше неподелено мислењето на фановите на Тоше Проески кои денеска дојдоа од цела Македонија, но и од Балканот: од Србија, Хрватска, од Бугарија, Турција да му оддадат почит на неговото вечно почивлиште на Гумење.
Радица Иванова од Бугарија е повеќе години обожавател на Тоше, но прв пат доаѓа во Крушево и на Гумење.
– Прв пат доаѓам во Крушево и ова е некаква магија која со зборови не се опишува. Во Бугарија многу се слуша музиката на Тоше и верувам дека и понатаму ќе има уште многу негови фанови. Овде дојдовме неколку девојки, а многу други сакаа, но не можеа да дојдат. Но сигурно ќе дојдат. Ги чекаме маратонците за да го славиме Тоше, вели Иванова.
Соња Ќурќиќ дојде од Белград, Србија за да му оддаде почит на Тоше.
– Чувствата не се променети. Исти се како кога дојдовме првиот пат во 2008, една година по смртта на Тоше. Секогаш кога доаѓаме во Крушево, емоциите се исти иста е тагата, тука не може ништо да се промени. Срцето ни е полно со тага и болка и се трудиме да ги споделиме со неговото семејство и со неговите пријатели. Тука сме заедно да тагуваме, но и со радост да се сетиме дека го имавме. Останува неговата музика, спомените, вели Соња Ќурќиќ.
Мајре Отом вторпат доаѓа од Истанбул, Турција за Тоше.- Само може да речам дека го сакам многу Тоше. Толку многу чувства имам за него, вели Мајре Отом.
На Гумење се и фановите на Тоше од Хрватска. – Имам само љубов за Тоше. Сфативме дека целиот свет, преку него, е мост на љубовта. Се чувствуваме поврзани, зашто тоа му беше мисијата на Тоше, вели Маја Мариновиќ од Сисак, Хрватска.
Во Крушево, а потоа и на Гумење пристигнаа 12-те маратонци од повеќе градови од Македонија. Тие, традиционално трчаат од Нова Градишка за да стигнат денеска, на годишнината од смртта на Тоше на Гумење пред неговото вечно почивалиште и да му оддадат почит на Тоше.
Во спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење во чест на Тоше се одржа културно-уметничка програма, изјави директорката на музејот Елена Мирчевска.
– Во чест на Тоше 15-ина студенти од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска сликаат, инспирирани од животот и делото на Тоше Проески. Учениците од крушевското основно училиште „Никола Карев“ изведуваат поетски рецитал, а настапува и хорот при гимназијата во Крушево „Наум Наумоски Борче“. Инаку, во спомен куќата се изложени околу 350 експонати, сопственост на семејството на Тоше Проески, а од отворањето пред шест години досега, музејот го посетиле повеќе од 500.000 фанови и почитувачи на делото на Тоше, рече Мирческа.

Според Андреј Николоски, извршен директор на Фондацијата „Тоше Проески, точно пред десет години Крушево го загуби својот херој, а Македонија својот ангел и Балканот ја загуби идната светска музичка ѕвезда. Николоски рече дека се подготвува нов албум на песни до крајот на годинава.
– Подготовките за албумот „Сикрет плејс“ се во финална фаза. На тој албум ќе бидат шест песни на Тоше на англиски јазик, вклучувајќи ја и песната промовирана на 5 октомври на Граскиот плоштад во Скопје. Песните се работени во студиото на продуцентот Енди Рајт во Лондон. Ќе се најдат и три преработки на стари песни на Тоше. Албумот ќе биде промовиран на концерт до крајот на годинава, вели Николоски.
Николоски најави дека од државниот буџет се обезбедени финансиски средства за да се изгради достојно спомен-обележје на Тоше Проески на неговото вечно почивалиште на Гумење.Тоше го нема, но остануваат неговите песни и неговите хумани дела, беше неподелено мислењето на фановите на Тоше Проески кои денеска дојдоа од цела

Пронајдете не на следниве мрежи: