Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде одбележан јубилејот „155 години од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци“.За значењето и вредноста на Зборникот ќе говори професорот Петар Аврамоски, а извадоци ќе читаат членови на драмското студио „Миладин“.
На одбележувањето на јубилејот, со кој се прославува и патрониот празник на струшкиот Центар за култура, музички настап ќе има правнукот на Димитрија Хр. Миладинов, Христијан Миладинов.
Зборникот на Димитар и Константин Миладинови излегол од печат на 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб. Во него на 538 страници се објавени 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Книгата содржи и обичаи од Струга и Кукуш, народни верувања, преданија…За значењето и вредноста на Зборникот ќе говори професорот Петар Аврамоски, а извадоци ќе читаат членови на драмското студио „Миладин“.