По повод 200-годишнината од објавувањето на книгата „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ, издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје подготви специјално издание, со напореден превод на современ јазик на Игор Калпаковски.Кон ова круцијално дело на македонската просвета, приредувачот проф. Борис П.Момировски Лешанин, објавува толкувања во кои ја нагласува историската улога на книгата за нашата духовна култура во изминатите два века.Кирил Пејчиновиќ Тетоец (1771 – 1845) спаѓа во редот на големите македонски дејци, кои оставија длабоки траги во целокупната македонска духовна култура. Автор е на книгите „Огледало“, „Слово за празниците“ и „Утешение грешним“, кои одиграа непроценлива улога во просветувањето на македонскиот народ, а неговиот Епитаф, литературната наука го одбележува како прва песна напишана во народен дух.Со објавувањето на „Огледало“, издавачот достојно ја одбележува двестегодишнината од печатењето на делото на Кирил Пејчиновиќ во Будим во 1816 година.Кон ова круцијално дело на македонската просвета, приредувачот проф. Борис П.Момировски Лешанин, објавува толкувања во кои ја нагласува историската
Пронајдете не на следниве мрежи: