Со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 17 март – Денот на крводарителството во Република Македонија.Во Градскиот трговски центар ќе биде поставен промотивен штанд на кој волонтери од Клубот на крводарители на Црвениот крст на Град Скопје и „Клуб 25“ ќе делат флаери и ќе даваат информации за крводарителството, а медицински лица од Институтот за трансфузиона медицина ќе определуваат крвна група на граѓани.
На овој ден во 1945 година е формиран и Црвениот крст на Република Македонија, кој ќе го одбележи основањето и Денот на крводарителството со пригодни активности како што се тркалезни маси, доделување на признанија на крводарители и предавања во образовни институции за подигнување на свеста кај учесниците за здравствено превентивни и социјални теми.Во Градскиот трговски центар ќе биде поставен промотивен штанд на кој волонтери од Клубот на крводарители на Црвениот крст на Град Скопје и „