Одберете филм според хороскопот

Сакате да поканите некого на кино или на домашно DVD уживање или можеби да подарите филм? Да, но не знаете кој наслов да го одберете?. Со помош на астрологијата и планетите откријте кој знак е љубител на кој филмски жарн.Овен
Овој хороскопски знак е огромен фан на филм во кој што има акција, научна фантазија или пак да е од натпреварувачи(спортски карактер). Доколку се одлучите да му подарите некој филм од типот на Џејмс Бонд особено каде што глуми Пирс Броснан, тој ќе биде воодушевен.
Романтичните комедии, оние со доста остар хумор, ќе му се допаѓаат. Ако имате на ум да му земете некој класичен акционен филм , тогаш “Die Hard with a Vengeance” со Брус Вилис може да биде добар избор.
”Cliffhanger” со Силвестер Сталоне е одличен тип на трилер кој што ке му се допадне на Овенот. “The Break Up” со Џенифер Анистон и Винс Вон е перфектна остра комедија за овој понекогаш циничен, но доста чувствителен хороскопски знак. Добра комедија за Овните може да е “Zoolander” со Бен Стилер, затоа што повеќето од нивобожуваат мода.
Бик
Биковите сакаат филмови со многу насилство и секс. Се што е од режисерот Квентин Таратино ним им се допаѓа. Да им подарите ДВД со филмот “Kill Bill” со актерката Ума Турман е супер идеја. Хоророт “Saw” , односно серијата хорор филмови исто така ќе им се допаде на Биковите.
Овие луѓе се и фамилијарни луѓе па така што ќе уживаат и во некои детски филмови. Добар избор ќе ви биде “Finding Nemo” или “Bee Movie”. Постарите генерации што се во знакот на Бик знаат да уживаат и во старите црно-бели комедии. Некои колекционерски видеа од Бастер Китон или Чарли Чаплин премногу ќе ги задоволи.
Близнаци
Овој знак е интезивен знак кој што ужива во комплексни и психолошки драми. Било кој филм од Спајк Џонс ќе  направи овој подарок многу драг за Близнакот.
Филм како што е “The Tenant” или “Eternal Sunshine of the Spotless Mind” од Роман Поласки ги држи Близнаците во неизвесност. Филм како што е “Secretary” со Џејмс Спадер или “Nine Half” со Ким Бесинџер се примери за добра еротика каква што овој знак би сакал. Близнаците исто така сакаат хумор и некоја добра сатира. Било кој филм со Саша Барон Коен , Вил Ферел или Тина Феј би го направиле Близнакот исполнет.
Повеќе на tzm.mkОвен
Овој хороскопски знак е огромен фан на филм во кој што има акција, научна фантазија или пак да е од натпреварува

Пронајдете не на следниве мрежи: