Основното јавно обвинителство – Скопје во соопштението информира дека од Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите пристигнати се барања за доставување кривични предмети и тоа за предметот во јавноста познат како „Маѓар Телеком“, за предметот против З.В. за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и за предметот против Г.В. за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.– Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите барањата ги темели на одредбата од член 11 став 2 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, но воопшто не го зема предвид член 11 став 1 од Законот, согласно кој тоа јавно обвинителство ќе преземе контрола врз предметите што спаѓаат во стварна надлежност на истото. Стварната надлежност е уредена во член 5 став 1 од Законот. Имено, во оваа одредба јасно е кажано дека јавниот обвинител кој раководи со тоа јавно обвинителство ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како што е дефинирано во член 2 став 1 од Законот, стои во соопштението.
Според Основното јавно обвинителство-Скопје предметите што се бараат не се поврзани, ниту пак произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па од тука барањата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не се во согласност со Законот, како и дека со таквото барање се пречекорени овластувањата што на јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство му се дадени со Законот.
– Основното јавно обвинителство-Скопје се обрати до Советот на јавните обвинители на Република Македонија со барање Советот да се произнесе дали наведеното дејствие е законско дејствие на јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во соопштението.
Основното јавно обвинителство-Скопје, како што се наведува во соопштението, во предвид ја имаше одредбата од член 7 став 3 од Законот, според која јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е професионално одговорен за стручните и законските дејствија при неговата работа пред Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Односно, законитоста на дејствијата на јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство ја цени Советот на јавните обвинители на Република Македонија.– Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од сод