Одбил вртоглава понуда од Фејсбук и не се кае: „Животот не е фер, но јас имав среќа“

Еван Шпигел пред две години наводно ја одбил понудата на Закерберг, која вредела милијарда долари. И додека светот се чудел за неговиот потег, според листата Форбс, најмладиот милијардер на светот изгледа ја донел вистинската одлука – за тоа има милијарда ипол аргументи.Facebook во 2013 година сакаше да го купи Snapchat, мобилна апликација на која Шпигел заработи огромно богатство, а уште тогаш аналитичарите сметале дека одбивањето на таа понуда за Шпигел бил разумен потег поради потенцијалот на апликацијата кој тогаш бил проценет на три или четири милијарди долари.
Но, Snapchat денес вреди 15 милијарди долари, а се предвидува дека таа цифра наскоро ќе се приближи до бројката од 20 милијарди, иако во 2011 година на Шпигел и неговиот колега со кој дошле до идејата за креирањето на оваа апликација – им се смееле.
Инаку, овој млад претприемач има само 24 години. Роден е во богато семејство и студирал на престижни универзитети. Денес живее луксузно.
Во едно интервју за ВВС, тој откри дека планира да покрене дискографска куќа, а за својот живот и успехот изјавил: „Јас сум млад и образован маж. Животот не е фер, но јас имав среќа“.Facebook во 2013 година сакаше да го купи Snapchat, мобилна апликација на која Шпигел заработи огромно богатство, а уште тогаш аналитичарите сметал

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.