Одбиле да бидат евакуирани: Пронајдени се две жртви кај Шабац поради непридржување кон упатствата!

Дел од населението одбива да ги послуша наредбите за евакуација, поради што Штабот за вонредни ситуации предупредува дека работите се такви што на никој кој што живее во близина на насипот не може да му се гарантира безбедност во моментов.Градската управа на Шабац денеска соопшти дека две лица во Мрѓеновац и Крупањ го загубија животот, најверојатно поради непридржување кон наредбата за евакуација и апелираше до граѓаните да ги слушаат упатствата на надлежните служби, бидејќи ситуацијата на Сава и понатаму е критична.
Градската управа исто така наведува дека од 15 мај, па до вчера во 18 часот, од подрачјето на шабачките села во кои е наредена превентивна евакуација на населението, се евакуирани 814 луѓе. Водостојот на Сава кај Шабац вчера изнесуваше 652 центиметри, што значи дека реката благо опаѓа.
Насипите и утврдувањата на брегот се стабилни, но ситуацијата во наредните денови ќе биде критична бидејќи насипите се намокрени и полни со вода. Поради тоа, Штабот за вонредни ситуации на Шабац ги предупредува граѓаните да не излегуваат на реката, посебно доколку не се ангажирани во одбраната од поплави. Штабот и наложи на локалната самоуправа од понеделник да ги ангажира работниците од јавните претпријатија на местата каде што недостасуваат луѓе за одбрана на градот, како што е полнењето на вреќи со песок.
Во атарот на селото Мрѓеновац, останаа 30 овци, 40 крави и околу 100 свињи кои е неопходно да се хранат.Градската управа на Шабац денеска соопшти дека две лица во Мрѓеновац и Крупањ го загубија животот, најверојатно поради непридржување кон наредбата

Пронајдете не на следниве мрежи: