Остануваат уште неколку дена до Супер Куп натпреварот. Сите со нетрпение го очекуваме. Но, токму за да уживаме во него и да претставува празник, Фудбалската федерација на Македонија посветува внимание на неколку корисни моменти.Планирајте на натпревар да дојдете најмалку еден час и 30. минути порано со цел побрзо и поедноставно да дојдете до вашето седиште. По можност избегнувајте транспорт со автомобил, или пак истиот паркирајте го на поголема оддалеченост од Националната арена „Филип Втори“. Веројатно е повеќе од неопходно да ги наполнете батериите на вашиот мобилен телефон, бидејќи ќе имате можност да направите уникатни фотографии и видео материјали кои ќе ви останат за цел живот. Очигледно дека времето ќе биде топло, така што предходно добро освежете се и секако на полувреме планирајте дополнителен пијалок со пријателите (стадионот е опремен со доволен број на штандови за храна и пијалоци кои ќе ви бидат на располагање). Ако сакате цел ден да ја почувствувате фудбалската треска многу порано во текот на денот приклучете се на фан зоните на клубовите. Навивачите на Манчестер се собираат околу споменикот на „Мајка Тереза“, додека на Реал Мадрид ќе бидат на плоштадот „Филип Втори“.
На 8. август дефинитивно ќе се слави фудбалот, а Скопје, Македонија ќе бидат центарот на светската спортска јавност.
Фудбалот обединува и носи радост, затоа и толку го сакаме.Планирајте на натпревар да дојдете најмалку еден час и 30. минути порано со цел побрзо и поедноставно да дојдете до вашето седиште. По можност избе