Оделе често на солариум бидејќи биле незадоволни од себе: Нема да верувате КАКВИ биле последиците…

Сестри близначки опсесивно посетуваат солариум иако и двете имаат здравствени последици поради тоа.Луси Сим (29) од Моркам – Англија има рак на кожа. И таа и нејзината сестра близначка Сем како тинејџерки редовно оделе во солариум. Но и покрај тоа што преживеала рак на кожата Луси и понатаму оди во солариум.
„Многу ми е тешко да престанам. Се чувствувам како солариумот ми дава ќебе без кое би морала да се кријам. Пробав со крема за самопотремнување но не е тоа тоа- кажува таа во емисијата „This Morning“.
Двете сестри започнале да одат во солариум на своите 14 години и тоа им претставувал секојдневен ритуал. Им се допаднало како изгледаат по солариумот и имале се повеќе самодоверба по третманите.
Сем која има две деца престанала да оди во солариум пред 4 години но сеуште и останале последици.
Забележала чудна бемка и отишла на доктор да се прегледа. Веднаш и ја тргнале. Неколку недели чекала резултати да види дали има рак но на крајот се било во ред.
Но без разлика на тоа што Сем се истрауматизирала, Луси продолжила со посетувањето на солариум.
Мислела дека тоа нема да и се случи на неа.

Но потоа и таа на ногата забележала необична бемка со темносина боја.
Отишла на лекар и и ја отстраниле бемката но Луси за жал немала толку среќа како и нејзината сестра.
И кажале дека има рак, меланом и дека и е потребно лечење. Се чувствувала многу ужасно поради тоа што си го направила самата на себе.
Но и покрај претрпениот шок и третман, Луси и понатаму оди во солариум. Сега кажува дека мора ја победи таа зависност.
„Лицето не ми изгледа убаво без солариум. Се чувствувам како кожата на моето лисе се суши и не изгледа природно. Ќе бидам задоволна со својата кожа еден ден но сега не сум“- објаснува таа.  Луси Сим (29) од Моркам – Англија има рак на кожа. И таа и нејзината сестра близначка Сем како тинејџерки редовно оделе во солариу

Пронајдете не на следниве мрежи: