Одгледувајте ѓумбир во саксија!

Колку ѓумбирот е здрав и колку докторите го препорачуваат одамна ни е познато, но како да го одгледуваме во саксија дома, не учи блогерката Кристина.Единствениот материјал кој ќе ви биде потребен е саксија со земја и купен корен ѓумбир кој по својот облик потсетува на човечка рака.
Најдобро е да изберете „рака“ со што повеќе „прсти“. За да добиете повеќе плодови, неопходно е да ги скршите краците на повеќе делови.
Ставете во саксија еден „прст“ ѓумбир и не заборавајте дека мора да биде на површината на земјата. Водете сметка да не го затрупате ѓумбирот со земја, бидејќи тоа е единствениот трик садењето да ви успее. Залевајте често.
Не бара многу светло, но бара топлина.
Кристина советува да го посадите како домашна билка во рана есен, а кога ќе дојде пролет да го префрлите во бавча. Кога ја префрлате билката од саксија во бавча, неопходно е да изберете место со растресита земја и редовно да го полевате. Кристина тврди дека не треба да се грижите за штетниците и некои проблеми кои можат да ја нападнат билката.
Доколку се грижите за својата билка според советите на Кристина, зелениот изданок на ѓумбирот моше да порасне од 60 до 120 сантиметри. Оставете изданокот да расте од 3 до 5 месеци пред да почнете да ги користите новите израстоци во земјата.
 Единствениот материјал кој ќе ви биде потребен е саксија со земја и купен корен ѓумбир кој по својот облик потсетува на човечка рака.
Најдо

Пронајдете не на следниве мрежи: