Во последно време многу популарно е покрај прозорот да одгледувате некоја егзотична билка. Тоа е затоа што имаат атрактивен декоративен изглед, а и нејзиното одгледување не е тешко.Многу од вас веќе имаат искуство во садењето лимони од семките и ананас во саксија. Ако сте решиле да засадите нешто ново во својот дом, ви препорачуваме да почнете од калинката.
Ви подготвивме едно едноставно упатство, кое ќе ви помогне желбата да ја претворите во релност.
-За почеток земете зрела калинка. Исчистете ја од кората, поделете ја, но оставите некое парче од кората. Нека се суши 24 часа.
-Потоа семките ги ставате во вода на 2 дена на температура од 20-22 степени.
-Земете мала саксија и наполнете ја со земја.
-Навлажнете ја и засадете ги семките на длабочина од 2 центриметри. Покријте ја саксијата со проѕирна фолија, ставате ефект како на стаклена фолија. Секој ден вадете ја фолијата на кратко време.
Билката треба секој ден да добие доволна количина на вода и сончева светлина. Ставајте и вода на калинката кога земјата ќе почне да се суши. Во почетокот можете да и ставите вода после првата недела. А, кога ќе се појават првите листови, билката ќе ја пресадите во поголема саксија со стандарната земја.
Калинката ќе процвета после 9 месеци. Три месеци после цветењето, ќе почне да дава плодови. Многу од вас веќе имаат искуство во садењето лимони од семките и ананас во саксија. Ако сте решиле да засадите нешто ново во својот дом, ви препора