Одговор за сите девојки кои ги измачува ОВА прашање: Дали вагината станува потесна доколку немате секс извесен период?

Постојат многу митови кои сме ги слушнале за интимата и воопшто за сексот, но прашање е дали веруваме во нив?Еден од таквите е и дека вагината со тек на време се стеснува ако подолго време немате секс.
Стручњаците сепак го негираат ова тврдење.
„Многумина мислат дека жените кои се помалку сексуално активни имаат помала, односно потесна вагина, додека оние кои имаат редовен секс имаат поопуштени вагини. Ова воопшто не е точно,“ тврди гинекологот Џенифер Видер.
Мускулите околу вагината се еластични, а по сексуалниот однос се враќаат во нормалната состојба, па затоа нема забележлива промена. Истото се случува и по породувањето.
Вагината всушност претрпува само 2 промени.
Првата е по породувањето, но трае само 6 месеци, по што се враќа во „нормалната“ состојба. Понекогаш потребно е и повеќе време, но сепак се враќа.
Втората промена се случува во подоцнежните години. Тогаш ѕидовите на вагината, односно мускулите се опуштаат како и на секој друг дел од телото. Добрата вест е што со кегелови вежби значително може да се забави овој процес.
Според зборовите на гинеколозите, ако случајно почувствувате дека некоја жена има „потесна“ вагина, веројатно не е затоа што долго немала секс, туку затоа што не е доволно возбудена. Овој проблем се решава со подолга предигра или лубрикант.Еден од таквите е и дека вагината со тек на време се стеснува ако подолго време немате секс.
Стручњаците сепак го негираат ова тврдење.

Пронајдете не на следниве мрежи: