Завчера, 08.11.2014 година, среда, се одиграа три натпревари од четвртото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година.Во кугланата „Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото помеѓу екипите на ГТЦ и Вардар 2014. Овој натпревар заврши нерешено со резултат 4:4.
Во кугланата со спортската сала „Борис Трајковски” се одигра натпреварот помеѓу екипите на 18 Август Адинг и Макпетрол. На овој натпревар победи гостинската екипа Макпетрол, со резултат 0:8, со што остана единствената екипа досега без загубени поени.
На натпревар којшто се одигра во Битола, домашниот тим на Хераклеа со резултат 7:1 ја совлада екипата на Империал тобако.
Последниот натпревар од четвртото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година е натпреварот помеѓу екипите на Македонија и Работнички, којшто е одложен и ќе се одигра во четврток /13.11.2014 година/ во 17 часот во кугланата со спортската сала „Борис Трајковски”.Во кугланата „Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото помеѓу екипите на ГТЦ и Вардар 2014. Овој натпревар заврши н