Одлична идеја за денешниот ручек: Потпечено пилешко

Меко пилешко месо кое едноставно се топи во устаСостојки:
500гр пилешко филе
300гр шампињони
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 морков
Малку масло
 Зачини по вкус
Сенф и брашно по потреба
1 врзоп магданос
150мл кисела павлака
100гр кашкавал
Подготовка:
На маслото пропржете го ситно сецканиот кромид, додадете ги шампињоните исецкани на листови и ренданиот морков.
Се добро  пропржете  да зоврие течноста, зачинете по вкус, додадете лук, ситно сецкан магонос и киселата павлака.
Месото исечете го на тенки шницли, секоја премачкајте ја со малку сенф, извалкајте ја во брашно од двете страни и пропржете на загреано масло по пет минути од двете страни.
Подмачкајте огноотпорен сад, по дното распоредете ја смесата, а врз неа месото.Преку месото наредете кашкавал, убаво израмнете и печете во загреана рерна околу 15 минути на 220 степени.
Наздравје.Состојки:
500гр пилешко филе
300гр шампињони
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 морков

Пронајдете не на следниве мрежи: