Сурутката е богата со протеини, витамини (Б2, Б6, Б12, Ц, К), аминокиселини, ензими, минерали кои го одржуваат здравјето на организмот (калциум, фосфор, калиум, магнезиум).Минералите го одржуваат тонусот на клетките и ја спречуваат појавата на висок притисок, мозочен удар, инфаркт.
Протеините спречуваат остеопороза, го регулираат холестеролот, го запираат дејството на забниот плак, ја зголемуваат мускулната маса, го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат стресот и што е најбитно – го регенираат црниот дроб.
Црниот дроб е најголема жлезда во организмот и е единствениот внатрешен орган кој има моќ на регенерација. Болестите на црниот дроб се чести предизвикувачи на смрт, па за овој орган треба да се води посебна нега во текот на целиот живот.
Овој орган секојдневно извршува бројни, сложени и битни функции во нашиот организам за да нѐ одржува живи и здрави:
– има клучна улога во преработката на храната што ја јадеме,
– во процесот на детоксификација нѐ штити од штетното влијание на бројните токсини на кои сме изложени.
Хемиски произведените лекови го преоптоваруваат црниот дроб, бидејќи се страни и неприродни материи за организмот па поради тоа се препорачува земање на сурутка за време на терапиите.
Кога се спроведува терапија за регенерација на црниот дроб со помош на сурутка, потребно е во подолг временски период секојдневно да се пие сурутка (од 0.5 до 1 литар), а притоа да се избегнува мрсна храна, алкохол, цигари и секакви други отрови и материи кои го оштетуваат црниот дроб. За да се постигне подобро и побрзо лекување, пожелно е во исто време редовно во исхраната да се внесува и младо сирење. Најдобро е да се јаде за доручек и тоа на празен стомак.
Сурутката се препорачува и за слабеење, бидејќи протеините го поттикнуваат слабеењето и влијаат на зголемувањето на мускулната маса. Покрај тоа, сурутката дава чувство на ситост бидејќи влијае врз зголемувањето на нивото на хормонот кој го намалува апетитот.Минералите го одржуваат тонусот на клетките и ја спречуваат појавата на висок притисок, мозочен удар, инфаркт.
Протеините спречуваат остеоп


