Одличен прилог за во зимските деновиСостојки:
2кг црвени пиперки
4-6 чешниња лук
4 ловорови листови
1л вода
300мл оцет
30 гр сол
20гр шеќер
40 гр сенф
300 мл масло
Подготовка:
Пиперките исчистете ги и исечете ги на што помали коцки. Во тенџере на оган додадете ги водата, оцетот, солта, шеќерот, ловоровиот лист и цели чешиња лук.
Кога смесата ќе зоврие додадете ги пиерките, па гответе околу 10 минути. Исцедете извадете го ловорот и лукот па добро изладете.
Изматете го сенфот и маслото, па додадете го во пиперките, добро измешајте. Претходно стоплените теглички наполнете ги со салатата, од горе прелејте со малку топло масло и затворете. Ставете ги теглите 10 минути во топла рерна. И зимницата е подготвена. Наздравје Состојки:
2кг црвени пиперки
4-6 чешниња лук
4 ловорови листови
1л вода
300мл оцет