Одлична ученичка за малку ќе ја ИСФРЛЕЛЕ од школо поради облеката. Дали гледате во што е проблемот?

Едно ладно утро, Медисон Филдс од Мичиген облекла сив плетен џемпер и црни панталони, па на тоа ставила и дебел плетен шал.Оваа комбинација, која според многумина не е нешто посебно, предизвика контроверзи откако ѝ било кажано на Медисон дека нејзината облека е непримерна за носење во близина на машките ученици.
„Наставникот на мојата ќерка ѝ рече дека цел ден им го одвлекува вниманието на машките ученици. Мојата ќерка, која е одлична ученичка, пред цел клас беше посрамена и ѝ беше кажано дека момчињата зјапаат во неа. Тоа е погрешно“ – тврди нејзината ќерка Брук.
Според тврдењата на директорот на училиштето, нејзиниот проблем настанал поради панталоните кои оддалеку изгледаат како хеланки.

Брук Филдс тврди дека нејзината ќерка носела панталони, а директорот на училиштето Дејвид Тарнер, истакнува дека наставниците неодамна воделе разговор со учениците во кој им било објаснето дека можат да носат хеланки, но само со облека која ги покрива до половината на бедрата.
„Сметам дека мојата ќерка е одговорна за нејзините постапки, како што и другите ги сметам за одговорни за нивните. Мојата намера не беше да го нападнам училиштето. Само видов дека на мојата ќерка ѝ е нанесена огромна неправда, а тоа не е прв пат да ѝ биде упатен таков коментар. Ја научив да се бори со неприликите и да ги следи правилата. Ако ги прекрши, знае дека заслужува казна. Исто така, ја научив да се брани себеси и другите ако види дека некој нешто им направил погрешно“ – напишала нејзината мајка по немилиот настан на Фејсбук.Оваа комбинација, која според многумина не е нешто посебно, предизвика контроверзи откако ѝ било кажано на Медисон дека нејзината облека е непример

Пронајдете не на следниве мрежи: