Одлична закуска за со чај или кафе: Англиски овошен колач!

Оваа ароматична закуска е одлична за со кафе или чај…Состојки:
150 g суво грозје
50 g кандирана кора од портокал
50 g кандирана кора од лимон
4 јајца
30g ѓумбир
250g путер
230g шеќер
малку мелен ѓумбир, морско оревче и каранфилче
сол, рендана кора од лимон,
250 g брашно
2 лажици прашок за пециво
2 лажици шеќер во прав
Подготовка
1. Во една чинија ставете го сувото грозје, ситно исечканите кандирани кори од портокал и лимон и ситно сецканиот ѓумбир. Поклопете и оставете да мирува околу 1 час. Загрејте ја рерната на 180С.
2. Одвојте ги жолчките од белките. Пенасто изматете го путерот, шеќерот и жолчките. Во тоа додадете ги мелените зачини, сол и кората од лимон. Со миксер цврсто изматете ги белките. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете ја смесата со путер. На крајот додадете ги изматените белки. Претурете го тестото во калап (30 см) обложен со хартија за печење, порамнете го одозгора и премачкајте со околу 50-60 минути.  После тоа оставете колачот малку да се излади, а потоа префрлете го на кујнска решетка сосема да се излади.
3. Непосредно пред сервирање посипете го колачот со шеќер во прав и по желба украсете го со кандирано овошје. 
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, здрава храна, совети за здравје, диети и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, и на фан страната на Фејсбук.Состојки:
150 g суво грозје
50 g кандирана кора од портокал
50 g кандирана кора од лимон
4 јајца

Пронајдете не на следниве мрежи: