Предвидено е новите епизоди да претстават и нови ликови кои ќе се приклучат во мисијата за истражување на непознатото.Во пресрет на 50. годишнина од „Ѕвездени патеки“, оваа култна научно-фантастична серија наскоро се враќа на телевизиските екрани.
Имено, се шпекулира дека продуцентот Алекс Курцмен работи на новата сезона за телевизиската куќа СВЅ, а премиерата е закажана за почеток на 2017 година.
Новите епизоди на публиката ќе ѝ претстават и некои нови ликови коишто ќе патуваат низ вселената во потрага по нови фиктивни светови и цивилизации, истовремено истражувајќи ги темите на денешницата, што на некој начин ова е обележје на серијата уште од нејзините почетоци. Воедно, ова ќе бидат првите епизоди на „Ѕвездени патеки“ уште од 2005 година, кога престана прикажувањето на „Ентерпрајз“.
Телевизиската куќа СВЅ беше задолжена за дистрибуцијата на „Ѕвездени патеки“ и во раните шеесетти години од минатиот век, кога со емитувањето започна првата сезона на творците Џин Роденбери, со Вилијам Шатнер и Ленард Нимој во главните улоги.
Во период од неколку години, прикажани се три сезони и вкупно 70 епизоди кои постигнаа огромна популарност и поради кои подоцна беа снимени неколку филмови и четири нови серијали.Во пресрет на 50. годишнина од „Ѕвездени патеки“, оваа култна научно-фантастична серија наскоро се враќа на телевизиските екрани.