Одложен Централниот одбор на СДСМ поради несогласувањата околу листите

Поради несогласување околу листите за претстојните избори, Централниот одбор на најголемата опозициска партија на кој треба да се верификуваат истите е одложен за покасно.Откако во јавноста се појавија имињата на лицата кои ќе се најдат на изборните листи на СДСМ во шесте изборни единици, лавина од реакции следаа од страна на многу поддржувачи на опозицијата, меѓу кои и најистурени медиумски лица кои отворено ги бранат политиките на СДСМ.

„Ферид Мухиќ на листа, па срамота за сите што 10 години мајка им се расплака затоа што не молчеа како тој квази интелектуалец. Значи Ферид Мухиќ од кај Ѕинго трансфер овде, браво…
 
Ова е коментарот што главниот уредник на порталот „Нова“, Борјан Јовановски го објави на неговиот профил на „Фејсбук“, како реакција на објавените имиња кои се најдоа на пратеничките листи на СДСМ.

Најмногу реакции пристигнаа за изборот на Ферид Мухиќ кој се најде на високата петта позиција во втората изборна единица, заедно со Оливер Спасовски, Фросина Ременска, Мухамед Зекири. Оваа изборна единица опфаќа делови од скопските општини, како и населените места во северозападните делови од земјава.
„Ако пропуштам ден да го хејтам Мухиќ и одлуката на СДСМ ве молам потсетете ме“, додава Јовановски во своите објави на „Фејсбук“.
Нему му се придружи и Јадранка Костова, од „Фокус“, исто така опозициски настроен медиум. Таа јавно ја критикува одлуката на СДСМ да го постави Мухиќ на својата пратеничка листа.
„Ферид Мухиќ на листата на опозицијата!? Јас не се сеќавам дека кренал глас против груевизмот во изминативе години! Или грешам!? Но знам дузина професори кои јавно и жестоко го правеа тоа. Збунета сум, де!“, пишува Костова.
На листите се најдоа и Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска, кои беа меѓу предводниците на т.н. Шарена револуција.
Од кадрите кои се веќе познати, Зоран Заев е носител на пратеничката листа во Изборна единица 4, Радмила Шекеринска носител во Петката, а Петре Шилегов во шестата изборна единица.Откако во јавноста се појавија имињата на лицата кои ќе се најдат на изборните листи на СДСМ во шесте изборни единици, лавина од реакции следаа од

Пронајдете не на следниве мрежи: