Одложено е судењето за осомничените кои ја демолираа канцеларијата на Ѓорге Иванов

Судењето против членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски повторно одложено. Судот сѐ уште ги нема добиено останатите 11 предмети за сите лица осомничени за демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов против кои има прекршочна пријава, со цел да се утврди распределбата на штета која Правобранителство ја процени на 522.000 денари, пренесе Сител.„За овој настан се водат и кривични и прекршочни постапки, што секако има своја импликација во однос на понатамошно барање за штета, во уврдувањето кој е виновен итн. Во однос на солидарна одговорност, секако ние сметаме дека обвинетите не се виновни, но тоа прашање е секако битно. Следното рочиште е закажано за 18 октомври, се надева дека до тогаш судот ќе ги добие овие постапки“ рече адвокатот Сашко Дуковски.
По одложување на рочиштето, пак обвинетиот Здравко Савески обвини дека МВР се уште им ја нема укинато забраната за излез од земјава.
„Иако Судот на претходното рочиште пред цели два месеци ни ги врати пасошите, т.е. ја укина мерката за забрана за излез од државата, полицијата ги користи сите бирократски механизми да не ја тргне забраната за излез од државата за мене и за колегата Владимир Куновски“ изјави Савески.
Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица се товарат за учество во толпа која ќе стори кривично дело. Обвинителство тврди дека на 13 април тие биле дел од поголема толпа која со заедничко дејствување и фрлање тешки предмети ја оштетиле народната канцеларија на претседателот Иванов, а потоа упаднале внатре и одземале и запалиле дел од инвентарот. Другите тројца демонстранти кои заработија кривични пријави за истото дело веќе ја признаа вината и добија условни затворски казни.„За овој настан се водат и кривични и прекршочни постапки, што секако има своја импликација во однос на понатамошно барање за штета, во уврду

Пронајдете не на следниве мрежи: