Одлучил година дена да јаде САМО КОМПИРИ и веќе изгубил 10 килограми за месец дена!

Ова е лицето на човекот којшто планира година дена да јаде само компири, а експертите сметаат дека овој експеримент нема добро да заврши.Ендрју Флиндерс го започнал својот „компир експеримент“ на први јануари и се надева дека ќе му помогне да го смени односот кон храната и „зависноста кон неа“, така што 365 дена ќе јаде само компири.
„Скоро 99 отсто од калориите ќе ги добивам од компирот, а ќе јадам уште зачини и некои намирници покрај нив. Последните неколку години воопшто не сум во форма. Денес се измерив и мислам дека никогаш не бев волку тежок. Вагата покажа 151.7 килограми. Воопшто не сум среќен поради тоа“ – изјавил Ендрју.
На оваа идеја дошол поради тоа што смета дека е навлечен на храна.
„Ако сте зависни од алкохол или дрога, можете да престанете со нивната консумација. Тоа не можете да го направите со храната. Токму затоа, одлучив да изберам само една намирница и да се држам до неа“ – додава тој.

Ендрју го подготвува компирот на различни начини со минимална употреба на билки и зачини, а идејата не му е да прави интересна храна, туку да готви досадни оброци за да не мора да мисли на нив.
Досега успеал да изгуби 10 килограми, но исто така, ги предупредува луѓето дека станува збор за негов проект, а не успешна диета која луѓето треба да ја усвојат.
„Сакам да го подобрам својот однос кон храната. Ова не е диета. Никој не ме плаќа и не се обидувам да продадам некој производ“.
Меѓутоа, многумина сметаат дека ова не е паметна идеја.
Еден од нив е и професорот по медицина од Универзитетот во Мелбурн, Џозеф Пројето, којшто смета дека станува збор за нездрав избор.
„Сите веројатно имаат слушнато за балансирана исхрана. Тоа значи да јадеме по малку од сѐ за да му ги обезбедиме на организмот сите потребни витамини и минерали. Ако јадете само една намирница, на своето тело не можете да му ги пружите потребните нешта за негово правилно функционирање“ – тврди тој.
И додека Ендрју смета дека има повеќе енергија по само месец дена од овој негов проект, Пројето верува дека неговото тело сѐ уште не останало без клучните минерали и протеини и дека вистинските последици од ваквиот начин на исхрана ќе бидат евидентни дури за три или четири месеци, бидејќи не постои намирница која на нашиот организам може да му пружи сѐ што му е потребно.Ендрју Флиндерс го започнал својот „компир експеримент“ на први јануари и се надева дека ќе му помогне да го смени односот кон храната

Пронајдете не на следниве мрежи: