Одлучил секој ден да прави по едно добро дело, еве што му донело тоа…

Кога Лук од Англија одлучил секој ден во 2014 година да направи по едно добро дело, тој никогаш не ни помислил дека сето тоа толку ќе го промени неговиот живот.Имено, дваесет и шестгодишниот Лук Камерун од Челтенхам, Англија, неодамна одлучил секој ден во 2014 година да прави по едно добро дело, меѓутоа кога ја донел одлуката, тој не можел ниту да претпостави дека сето тоа до таа мера ќе му го промени животот.
Големата одлука ја донел откако блиска семејна пријателка умрела од рак во октомври 2013 година.
“Маура ми беше како мајка. Таа беше најневеројатната жена која ја познавав. Кога на соседите им требаше храна, им го даваше последниот компир, кога на пријателите им требаа пари, таа им ја даваше последната фунта. Целиот живот несебично им помагаше на другите и на нејзиниот погреб дојдоа повеќе од 4.000 луѓе, се со цел да и одадат почест”, изјавил Камерун.
По нејзината смрт Лук започнал да го пишува блогот “Good Deed” и секој свој убав гест го објавувал на својата страница, која досега има повеќе илјадници фанови.
“Во светот во кој сите се сликаат со своите нови чанти и скапоцени часови, потоа објавувајќи ги истите слики на Инстаграм, заборавивме да помислиме на било кој друг освен на себе. Нашата генерација заборави да се грижи за другите, опседнати сме со самите себе, до таа мера што не ни е грижа за она низ кое што поминуваат другите”, изјавил Лук.

Откако го прочитале неговиот блог, многумина пронашле неверојатна инспирација во Лук, но тој добивал и неколку скептични и критични коментари.
“На поголемиот дел од луѓето им се допаѓа ова што го правам. Но, има и такви што ме мразат. Јас се обидувам да не им придавам толку внимание на мислењата на другите луѓе. Повеќето не ме разбираа зошто го правам сето ова и беа скептични кога им нудев помош. Дел од нив ме испитуваа за моите мотиви, а другите прашуваа што сакам за возврат”, истакнал Лук.
“Се излекував самиот себе си, помагајќи им на другите. Навистина се менува твојата перспектива за животот кога им помагаш на другите луѓе. Стануваш многу поблагодарен за она што го имаш. Ова го правам исклучиво само за да им помогнам на останатите во рамките на социјален експеримент”, објаснил Лук.Имено, дваесет и шестгодишниот Лук Камерун од Челтенхам, Англија, неодамна одлучил секој ден во 2014 година да прави по едно добро дело, меѓутоа ко

Пронајдете не на следниве мрежи: