Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, доставени против решение на судија на претходна постапка, со кое се одбива предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за лицата Е.Т.,М.Ј., М.П. и К.М., донесоа решенија со кои истите се одбиваат.
– Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Е.Т., М.Ј. М.П., и К.М., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработена и експедирани до странките.
Од Судот додаваат дека против овие решенија не е дозволено право на жалба.
Барањата за притвор од Катица Јанева експертите, но и голем дел од граѓаните ги сметаа за апсурдни и правно нелогични, посочувајќи дека наместо по закон СЈО работи по партиска директива.
Барањето на СЈО и обвинителката Kатица Јанева за притвор на осумте лица по ниедна точка нема основ. Судијката донесе законито, правично и разумно решение. Ова е ставот на поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да го одбие барањето на Катица Јанева за одредување на мерка притвор за осум лица осомничени во случајот кој таа го нарече „Титаник“.
-Значи, ние сите во ова невреме каде што за жал има голема политичка пропаганда од сите страни, која навистина штети на имиџот на Македонија, а и на самите судски процеси, така да сметам дека судијката донесе едно не само законито и правично решение во однос на мерката притвор да не се определи, туку се донесе и едно разумно законско решение. Така што, драго ми е, господинот Едмонд Темелко се наоѓа на слобода и во постапката ќе учествува нормално, нема причина ни да бега ни да влијае на сведоци, бидејќи од нашиве сознанија презентитрани од страна на судијата во претходна постапка видовме дека СЈО презело обемна предистражна постапка во изведување на многу докази според нив, вели Џиков.
Специјалното јавно обвинителство одработува политичка агенда на СДСМ, рече универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска во дебатата на ТВ НОВА.
Според неа станува збор за организирана хајка и дека се прекршени законите, уставот и пресумпцијата на невиност.
-Уставот е повреден, начелото на законитост е повредено. Не може во истражна постапка да се жигосуваат луѓе. Тоа е дел од сценарио. СЈО е ставено како спрега на СДСМ, а Јанева одработува политичка агенда. Таа немаше законски основи така да ги постави работите, рече професорката.
Каракамишева-Јовановска вели дека денешната прес-конференција на СЈО е надвор од правна логика и правна издржаност.– Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа си