Одлуката на Кривичниот совет за определување притвор за сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан е политички монтирана и преставува дефокусирање на СДСМ од актуелно прифатената тиранска платформа. СДСМ и Зоран Заев преку својата продолжена рака СЈО се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од прифаќањето на тиранската платформа која е вовед во редефинирање и федерализација на Македонија.Кревањето на еуфорија, пред се’ кај опозициските медиуми и аналитичари укажува токму на тоа дека СДСМ преку СЈО прави намерен дефокус, за да не се зборува за тиранската платформа, туку за противправната одлука за притвор.
Медиумите блиски до СДСМ знаеја за одлуката за притвор, а Сеад Кочан и неговата одбрана не беа известени за тоа. Никола Додовси, адвокатот на Сеад Кочан денеска пред медиумите изјави дека добиено никакво решение за мерка притвор за Кочан и дека не може да каже ништо додека се’ дознаваат преку медиуми.
– Како медиумите пред обвинетиот, пред одбраната добиле информации или решение дека некој е во притвор не ми е јасно, дури и на веб страната на Основниот суд побаравме информации, нема. Треба медиумите да објаснат како наместо на обвинетиот, нив им се дава информација дека е притворен, рече Додовски.
Според него, невообичаено е како медиумите дознале пред одбраната и обвинетиот дека е одредена мерка притвор.
Зад ова стои СЈО под контрола на СДСМ, која со ова врши брутален притисок на медиумите кои што не се под нејзина контрола. Одлуката за притвор ја донела поранешната сопруга на министерот од СДСМ во бегство Владо Димов, Гордана Димова.
Одлуката е противправна дотолку повеќе што Кривичниот суд веќе еднаш утврди дека нема основи за притвор, а сега на жалба на СЈО, Кривичниот совет под палката на Гордана Димова донесе спротивна одлука.
Димова е инсталација на СДСМ во Судот. Гордана Димова -Спировска е избрана за судија во 1987 година, а потоа реизбрана со политичка одлука на СДСМ во 1996 година. Таа е една од 600 те судии кои во Собранието на СДСМ без присуство на опозицијата со едно гласање беа избрани или реизбрани за судии.
Ова преставува и притисок и удар и врз бошњачката заедница, чиј што преставник е токму Сеад Кочан. Бошњаците беа против носењето на платформата со која наместо граѓанска држава се гради бинационална со фаворизирање на една заедница за сметка на други.
Се врши директен удар врз бошњачката заедница, вели за ТВ Нова претседателот на партијата на Бошњаците Зекир Рамчиловиќ. Според него во моментов се спроведува добро осмислено сценарио.
-Сеад Кочан освен како успешен бизнисмен и сопственик на медиум е Бошњак, којшто е активно вклучен во подобрувањето на статусот на Бошњаците, како и многу други хуманитарни активности и манифестации, дури и надвор од Македонија, посочи Рамчиловиќ.
Тој истакна дека се прави удар вез бошњачката заедница, бидејќи ставовите на Бошњаците се мултиетничка, мултикултурна и унитарна Македонија.
-Ќе има многу реакции, нема да има селективна правда во Македонија, изјави Рамчиловиќ и додаде дека сите активности во судството, особено, работата на Специјалното јавно обвинителство мора да се преиспира и да се стави крај на нарачаните обвиненија.Кревањето на еуфорија, пред се’ кај опозициските медиуми и аналитичари укажува токму на тоа дека СДСМ преку СЈО прави намерен дефокус, за да