Избори на 5 јуни за излез од политичката криза, слобода на народот и просперитет на Македонија е она што граѓаните го посакуваат. Анкетираните граѓани го поздравуваат распуштањето на парламентот и сметаат дека одлуката на СДСМ да не оди на избори не е правилна.-СДСМ мислам дека треба да излезе на изборите и да се види каде е разликата, каде грешат, кој е во право, а кој не и сметам дека СДСМ со вчерашната изјава го прекрши договорот од Пржино. Мислам дека еднаш засекогаш да заврши оваа криза во која е западната Македонија.
-Сметам дека по изборите ќе се реши политичката криза во Македонија. Треба да се излезе на избори и да се гласа и да се види граѓаните за кого ќе го дадат својот глас. Кој заслужува да ја води државата понатаму. Јас како граѓанин сум загрижена и сакам што побргу да излезе од оваа криза
-Македонија мора да излезе на избори и да се расчисти кризата која ја наметна СДСМ и ние граѓаните да гласаме. Јас нè интересира само просперитетот на Македонија и иднната на нашите деца. Одлуката на СДСМ да не излезе на избори е неправилна и истата создава двоен притисок. Мислам дека со изборите на 5-ти јуни ќе се реши политичката криза, велат граѓаните.
-Мислам дека треба да се преиспитаат малку. Тоа што го побараа го добија, пружено им е, еве сега списокот се прочистува, не знам зошто сите овие работи се случуваат. Треба да одат на избори, со неодење на избори, по се изгледа дека и државата ќе си ја изгубиме. Треба да мислиле на државата малку и за иднината на нашите деца.
-Бегаат страв им е да не изгубат. На Македонија и требаат реформи, напред да оди
-Што Заев рекол дека нема да одат на избори, очигледно е дека бегаат. Ние и да не кажеме дека е тоа така,тој самиот го кажува. Мислам дека можеби бара само некои изговори, на Македонија и треба конечно решение и на народот му треба мир од избори, велат анкетираните граѓани.
Имено, резултатите од анкетата која ја спроведе Институтот „Павел Шатев“ во јануари велат дека 73,7% од испитаниците не треба да се одложат изборите закажани за 24 април. Само 15 проценти имаат став дека тие треба да бидат одложени.
Телефонската анкета на „Павел Шатев“ е спроведена во периодот меѓу 10 и 13 јануари годинава, над 1025 испитаници, со цел утврдување на перцепциите на граѓаните.
Ваквите податоци јасно покажуваат дека граѓаните уште во јануари посакувале избори и нивно неодложување со цел конечно решавање на политичката криза. Денешната анкета повторно го потврдува истото. Граѓаните велат дека веќе им е доста од кризи и сакаат што поскоро одржување на избори на кои ќе излезат и ќе го дадат својот глас за партијата која сметаат дека работи во нивен и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Инаку, неизлегувањето на избори е политички став и право, исто како што е право на граѓаните да излезат и да гласаат за понудата за која сметаат дека е најдобра.-СДСМ мислам дека треба да излезе на изборите и да се види каде е разликата, каде грешат, кој е во право, а кој не и сметам дека СДСМ со вчерашната