Одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е објавена во службен весник.
Одлуката за избор на Талаат Џафери во службениот весник е со потпис на заменик претседавачот на седницата, Горан Мисовски.
Во објавата пишува и дека одлуката стапува на сила од денот на донесувањето.
Според информациите ова е последното издание испечатено во печатницата Графички Центар пред таа во утре да почне сo стечајна постапка.
Од изборот на Џафери поминаа десет дена, дел од собраниската администрација, како и СДСМ, предупредија на опструкции со печетењето на одлуката, повикувајќи се на случаи кога во минатото се печатеа и вонредни изданија на службениот весник.
Одлуката до Службен весник беше испратена освен со потписот на Мисовски и со потписот на заменик генералниот секретар на Собранието, а заверена во собраниската архива.
Одлуката за избор на Талаат Џафери во службениот весник е со потпис на заменик претседавачот на седницата, Горан Мисовски.