среда, 25 ноември 2026
Најново

Одлуката за изборот на Талат Џафери објавена во службен весник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е  објавена во службен весник. 
 
Одлуката за избор на Талаат Џафери во службениот весник е со потпис на заменик претседавачот на седницата, Горан Мисовски.
 
Во објавата пишува и дека одлуката стапува на сила од денот на донесувањето.
 
Според информациите ова е последното издание испечатено во печатницата Графички Центар пред таа во утре да почне сo стечајна постапка.
 
Од изборот на Џафери поминаа десет дена, дел од собраниската администрација, како и СДСМ, предупредија на опструкции со печетењето на одлуката, повикувајќи се на случаи кога во минатото се печатеа и вонредни изданија на службениот весник.
 
Одлуката до Службен весник беше испратена освен со потписот на Мисовски и со потписот на заменик генералниот секретар на Собранието, а заверена во собраниската архива.

 Одлуката за избор на Талаат Џафери во службениот весник е со потпис на заменик претседавачот на седницата, Горан Мисовски.
 

Поврзани вести