Одмазда: Мајка се смее додека гледа како гори куќата на убиецот на нејзината ќерка!

Дајена Томсон не можела да ја сокрие насмевката додека гледала како куќата, во која нејзината ќерка била убиена, гори до темел.Поминале повеќе од пет години откако нејзината седум годишна ќерка Самер била убиена, но Томсон рекла дека чувството кога ја видела куќата во пламен бил „катарзичен“.
Самер Томсон на кобниот 19 октомври 2009, заедно со пријателите, се враќала дома од училиште, близу Џексонвил на Флорида. Побрзала пред нив да го погали кучето кое стоело пред куќата во која престојувал Џаред Харел со својата мајка.
Харел ја намамил Самер во куќата, каде ја силувал и убил. Полицијата подоцна го пронашла телото на девојчето на депонија во Џорџија.
Харел, кој сегa има 29 години, осуден е на доживотна робија. Куќата е затворена и банката ја донирала на хуманитарно друштво кое било отворено по смртта на девојчето.
Дeјена Томсон потоа ја донирала куќата на противпожарното одделение Оринџ Парк, да ја користат за вежби. Пожарникарите ја користеле куќата два дена. Тие вториот ден ја повикале Дeјана која фрлила пламен на куќата, која набрзо изгорела до темел.
„Пожарникарите ми дадоа да ја запалам нивната куќа. Овој пат јас бев лошиот волк, кој тропа на врататa“, изјавила Томсон.Поминале повеќе од пет години откако нејзината седум годишна ќерка Самер била убиена, но Томсон рекла дека чувството кога ја видела куќата во пламе

Пронајдете не на следниве мрежи: