„ОДМАЗДНИЧКА“: Оваа баба е регуларен член во војската на Украина!

Бабичката одлучила да ѝ се приклучи на војската, откако видела страшни сцени од масакр во кој сепаратистите наводно насилно се однесуваат кон украинските војници.Баба од Украина, која има 68 години е наречена „Одмаздничка“, откако го завршила воениот тренинг со кадетите кои се дури четири децении помлади од неа. Репортажата снимана во воениот камп, ја прикажува Екатерина Билик како се валка по полињата прекриени со снег, потскокнува и испалува рафали заедно со младите војници.
Имено, Екатерина се подготвува да заземе улога во жестоката борба која ја разорува источна Украина. Оваа мајка на три деца и баба на пет внуци, доаѓа од градот Зидаев, кој се наоѓа на западот од Украина.
„Цел живот бев овде и ја преживеавме окупацијата на нацистите и Советите и верувам дека ова за што се залагам е исправно. Одлучив да се пријавам во кампот, бидејќи сакам да им дадам пример на помладите дека без оглед колку сте стари, сепак можете да направите нешто“, истакна таа.
Портпаролот Наталија Ишенко, потврди дека бабата учествувала во сите тренинзи како и останатите регрути, кои биле и по 40 години помлади од неа, дека ги поминала сите тестови и дека се служела со пушката готово прецизно како и останатите. Откако го поминала тренингот, Екатерина рекла дека сега е подготвена за првата линија на одбрана.
„Мораме да им пренесеме порака дека Украина е слободна земја и ако не им се допаѓаме, слободно можат да се вратат назад во Русија“, додаде таа.
Погледнете го видеото:Баба од Украина, која има 68 години е наречена „Одмаздничка“, откако го завршила воениот тренинг со кадетите кои се дури четири децении

Пронајдете не на следниве мрежи: