Однесувањето на хороскопските знаци кога се вљубени

Однесувањето на хороскопските знаци кога се вљубениОВЕНТој: Како роден освојувач, тој не врти многу, а очите му светкаат штом здогледа потенцијален „плен“. Не бира многу ниту место, ниту време, затоа што е премногу нетрпелив, па во напад тргнува истиот момент кога ќе ве здогледа. Директен е, шармантен, отворен, ќе ве засмејува со вицови и детали од својата биографија, сè додека не се согласите повторно да се видите со него.
Таа: Исто така директна и секогаш подготвена да го заведе и освои оној што ќе ѝ падне во око. Ќе го фати за вратоврска или брада, нежно ќе го привлече кон себе и ќе му каже со најшармантната насмевка на светот: „Ти си мој!“. Ако додворувачот ѝ се допаѓа, ќе го пушти малку да се „крчка на тивок оган“. А, потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку сте ѝ досадни, тоа недвосмислено ќе ви го стави до знаење, така што со жената Овен секогаш сте на чисто.
БИКТој: Обожува да ве мерка, заведува, додворува и така да ве освојува – пополека. Задолжително ќе ве однесе на ручек, или вечера во својот омилен ресторан каде што сите го познаваат, ќе одбере најквалитетни специјалитети и најдобро вино, а цело време нема да симнува очи од вас, па на крајот ќе му јадете од рацете. Околу вашата маса ќе ги викне музикантите кои ќе пеат и свират ваши песни, а од продавачот на ружи ќе ги купи сите ружи – само за вас.
Таа: Одбира кому ќе му дозволи да се труди околу неа, да ја заведува и освојува. Неговиот изглед, шарм, став, однесување и џентлменски манири нема да ја остават рамнодушна, но затоа на оној што ѝ досадува умее вешто да го откачи. За да ѝ се допаднете на жената Бик, треба да имате самодоверба и пари, а при тоа да умеете и да ја заведете со поглед и допир.
БЛИЗНАЦИТој: Неодоливо забавен, шармантен и толку информиран за сè, што ви доаѓа да го земете за рака, да го однесете дома и да им го преставите на домашните за да ги шармира и нив исто како вас. И додека вие го доживувате како потенцијално домашно галениче, тој веќе завршил половина работа во својата заводничка дејност, додека вие насмеани ја читате неговата порака на својот мобилен, веќе сте во неговата прегратка.
Таа: Изгледа како девојче, а често пати така и се однесува кога сака да ве заведе и освои. Како камелеон, ги прилагодува своето однесување, гардероба, па дури и ставовите кон вашите, или кон оние што би ви се допаднале. Флертувањето е составен дел од нејзиниот карактер, иако бргу губи интерес кога ќе види дека сте „загризале“. Ако постојано ѝ бегате, жената Близнак ќе трча по вас.

 
РАКТој: Ракот и се допаѓа и на вашата мајка и на вашата баба (за другарките и сестрите да не зборуваме), а вам ви поминува убаво чувство кога само ќе ве погледне со оние свои очи како верно кученце кое ви се радува кога ќе ве види. Навистина, ќе се наслушате приказни за неговото детство, бабите, дедовците, тетките, колачите, што нема да му пречи, додека зборува за нив, занесено да гледа во вашето деколте. И кога во друштво во кафана ќе наздравува, бидете сигурни дека и тогаш размислува за вас.
Таа: Умее со секој маж, може да заведе и да освои кого и да посака, само ако сака. Женствена и грижлива, полна со разбирање и предизвик во исто време, ќе се потруди да уживате во погледот на неа исто колку што ќе уживате додека се сладите со тортата и колачите што ќе ги направи само за вас. Кога ќе ви зборува за децата на својата сестра и за нивните подвизи, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.
ЛАВТој: Лавот ќе се потруди да ве плени уште на првата средба со своите успеси на школските натпревари, спортскиот терен и како клинците од маало му се восхитуваат. Ако по некоја случајност ги прашате кој знак се, бидете сигурни дека ќе ви одговорат со: „А зарем тоа не се гледа?“. Џентлменските манири и чувството дека сите погледи се вперени кон вас кога сте со него, ќе направат покрај Лавот да се чувствувате како да сте на врвот од светот.
Таа: Плени со атрактивната појава, позата и ставот во кој ќе препознаете и малку глума и малку блеф, а сето тоа неодоливо ќе ви се допадне до таа мера што со восхит ќе го слушате дури и тропањето на нејзиниот накит. Сеедно дали косата ја собрала, или ја пуштила слободно да ѝ паѓа по рамениците, таа својата глава ја држи како на неа да има круна. И тоа со невидена леснотија како да е нешто сосема природно. Иако ужива во восхитот на додворувачите и обожавателите, ќе ви дозволи да ја освоите само ако таа процени дека сте вредни за нејзиното внимание.
ДЕВИЦАТој: Девицата уште при првата средба ќе се потруди да ве восхити со познавањето на повеќето теми од областа на науката, економијата, автомобилизмот, градежништвото, но и со практичните детали од секојдневниот живот. Ќе ви објасни како да е тоа нешто најнормално на светот дека коцката мраз која случајно ја допрел ставајќи ја во вашата чаша, не може да биде извор на ниту една зараза поради својата ниска температура. Трпеливо ќе ве слуша додека му се жалите поради ниската плата и недоразбирањето со вашиот шеф, па многу бргу ќе сфатите дека верната Девица ќе биде тука секогаш кога ќе ви треба.
Таа: Прекрасна е, зборлива, по малку воздржана што прави да го заинтригира спротивниот пол, често манекенски градена, па лесно ги заведува и освојува мажите во кои се раѓа желба да ја сочуваат само за себе. Умее долго и внимателно да ве слуша додека ѝ зборувате без разлика на која тема, а особено е чувствителна на туѓа мака и проблеми, па кај неа секогаш ќе имате рамо за плачење.

 
ВАГАТој: Пред било каков заводнички потфат, или освојувачки поход тој пред сè ќе се потруди косата да му биде беспрекорно чиста, а гардеробата доволно, макар и спортски, елегантна. Тој нема да се чувствува доволно добро за да ја заведе, ако не е задоволен со сопствениот одраз во огледалото. Крај него секогаш ќе се чувствувате како вистинска дама, а тој џентлменски ќе ви бакне рака, ќе ви го придржи мантилот, ќе ви отвори врата од возило, ќе ви подарува бонбониери и цвеќе и несебично ќе ви дели комплименти.
Таа: Како родена заводничка, задоволна е ако забележи дека уште на првата средба не можете да го тргнете погледот од неа, затоа што Вагата ужива кога околината ѝ се восхитува, иако често пати глуми воздржаност. Поради вродениот шарм, мажите лесно ги освојува, па често пати ѝ е непријатно кога ќе треба да одбие нетрпелив, здодевен, или наметлив додворувач. Не поднесува невоспитани и вулгарни додворувачи, па често пати умее на општо изненадување да возврати со иста мера.
СКОРПИЈАТој: Заведува со поглед и допир и нема жена која тој не може да освои, само ако сака. Неговата желба е посилна од сите пречки, непремостливи околности и невозможни ситуации, па дури и она што другите би ги попречило, за него ќе биде предизвик. Ниту неговиот изглед како ни неговите години никогаш немаат врска со неговата моќ на заведување и освојување. Скорпијата е вистински магнет за жени: доволно галантен, доволно таинствен и доволно упорен, па ретко која припадничка на спротивниот пол може да му одолее.
Таа: Одбира, заведува, освојува и оди понатаму, штом барем за миг престанете да ги задоволувате нејзините строги, пред сè еротски критериуми. Опасна е и прониклива, страсна и неумолива, жената Скорпија сака мажот кој што ќе го одбере, да биде нејзина сопственост, но проблемот се јавува кога има повеќе такви мажи. Немојте да се залажувате дека тогаш вие ќе ја оставите неа, бидејќи таа не чека да биде оставена.
СТРЕЛЕЦТој: Сака ветар во косата, избледен џинс, брзо возење и радио во кола „одвртено до даска“, па уште кога на патот ќе се најде и некоја згодна автостоперка, ете авантура или романса. Без разлика колку години има, мажот Стрелец секогаш е подготвен да ве заведе, а во освојувачки походи најмногу тргнува кога е на одмор, или кога е доволно далеку од дома.
Таа: Младолика е, ведра, елоквентна, влева доверба до таа мера што ќе се чувствувате дека отсекогаш ја познавате. Нејзината потреба од интелектуална полемика ви импонира без разлика на вашето образование. Истовремено, жената Стрелец дрско ве заведува со своите прекрстени сончани нозе кои ги исфрла во преден план, со вас планира патување, а сè уште доволно не ве познава. Вие сето тоа со воодушевување го прифаќате. А кој не би прифатил?

 
ЈАРЕЦТој: Гори од желба да седи во ваша близина, само да ве гледа и да ужива, затоа што ќе се вцрви при случаен допир на вашата кожа. Не знаејќи како да ви покаже колку сте го маѓепсале, ќе биде неспретен и малку трапав, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе почнете било која тема што има врска со образованието. Тогаш вие ќе го гледате него со восхит и почит, потајно размислувајќи како ли се бакнува.
Таа: Вистински оган под мразот, баш затоа што е толку префинета и женствена, мажите во нејзината близина во почетокот ги збунува почитта што ја буди во нив. Жената Јарец, било да носи мини здолниште, или подвезици под романтичниот фустан, умее да ја разбуди фантазијата на секој маж кој има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.
ВОДОЛИЈАТој: Толку е шармантен и лежерен што при првата средба воопшто немаат чувство дека ве заведува, освојува, или прави нешто слично. Тоа што ви пали цигара, ви дотура пијалак во чашата, замислено молчи не симнувајќи го погледот од вас додека зборувате, ги одбива повиците на мобилниот телефон – сето тоа ви годи, а не сте ни свесни дека сте „уловени“. На крајот, мажот Водолија нема ништо да ви каже, но многу бргу ќе ја видите неговата порака на својот мобилен телефон.
Таа: Важно ѝ е да умеете да ги следите нејзините идеи и начин на размислување. Затоа жената Водолија бира партнер сличен по нивото на образование, ставови и однесување, без разлика на врежаното мислење за нејзината ексцентричност и потребата за слобода. На нејзината суета и годи машката упорност и подготвеност сè да сторите за неа, па затоа никогаш не откажувајте се ако сакате да освоите жена Водолија, а таа за возврат ќе ви биде верна.
РИБИТој: Не знае као да почне да ви се додворува, па делува по малку неспретно, што уште при првата средба предизвикува симпатии кај спротивниот пол. Ако е оженет, во друштво поради околината која миже да го „отчука“ кај жената, ќе глуми верен сопруг, но штом остане насамо со вас, ќе прејде во директен напад. И тоа секогаш со стил кој подразбира внимание и галантност.
Таа: Ужива во заведувањето уште со самата помисла на мажот кој ѝ се допаѓа. Ќе направи сè за да ве заведе: романтична атмосфера, миризливи свеќи, секси долна облека, поглед пред кој мажите ретко можат да останат рамнодушни, а потоа таинствено ќе ви даде до знаење дека можеби сте успеале да ја освоите. И така до недоглед.ОВЕНТој: Како роден освојувач, тој не врти многу, а очите му светкаат штом здогледа потенцијален „плен“. Не бира многу ниту место

Пронајдете не на следниве мрежи: