Обвинувањата од страна на опозицијата се целосно невистините. Доколку се погледнат информациите на Ројтерс и Блумберг и внимателно се следат информациите кои се објавуваат ќе видиме дека нашите тврдења се вистините. Опозицијата настапува со неколку тези во однос на процесотнза издавање на еврообврзницата, истакна министерот за финансии Кирил Миноски во интервју на Сител.Во моментот кога е донесена одлуката, во членовите кои ги цитира опозицијата се говори дека е неопходна согласност од помошникот министер зан финансии. Ние во моментот на носењето на одлуката немаме техничка влада за спроведување на избори од причина што не е утврден датум за одржување на изборите. Во моментот се во тек преговорите за утврдување на иден датум за избори. Оваа теза на СДСМ е невалидна, посочи Миновски.
Министерот истакнува дека средствата од еврообврзницата се неопходни за буџетската 2016-2017 година.
-Дел од овие средства, околу 200 милиони ќе бидат искористени за отплата на претходно искористени кредити односно враќање на претходно земени обврски. Она што е преседан е однесувањето на опозицијата. Со тоа се нанесува огромна штета на меѓународниот углед на Македонија на финансиските пазари. Се прави преседан кој значи дека секоја идна опозиција може да го користи при евентуално издавање на некоја нова еврообврзница. Тоа влијае негативно на интересот на инвеститорите. За илустрација доколку ги следиме макроекономските параметри на Македонија ќе видиме дека тие се на ниво подобро од соседите и меѓу подобрите во Европа, меѓутоа заради политичкиот ризик од почнувањето на кризата до сега ние плаќаме каматна стапка речиси за 1,7 пати повисока од онаа која реално би требало да ја плаќаме. Тоа значи милионски штети кои нанесуваат на граѓаните и буџетот на Република Македонија. Интенцијата на СДСМ е јасна, да се оневозможи да се обезбедат овие средства, затоа што истите ќе значат непречено функционирање во наредниот временски период, ќе дадат дополнителна сигурност во турбулентни геополитички околности, објасни Миноски.Во моментот кога е донесена одлуката, во членовите кои ги цитира опозицијата се говори дека е неопходна согласност од помошникот министер зан финан