Однесувањето на вратарите пред скопските дискотеки

Односот на вратарите кои стојат пред скопските дискотеки отсекогаш претставувало еден вид проблем на младите кои сакаат вечерта да се забавуваат во дискотека заедно со  своето друштво.
Зошто проблем?
Поголемиот дел од вратарите, со чест на исклучоци, најверојатно поради „моќта“ која ја поседуваат да „одлучуваат“ кој ќе влезе вечерта во дискотеката, а кој не, си земаат за право да ја оставаат толпата млади луѓе пред вратите на дискотеките да чекаат некогаш и повеќе од половина час за да влезат во дискотеката.
Покрај тоа, прво што им паѓа во очи е како си облечен, а посебно ако си женско. Оние девојки кои се во мини фустанчиња и убаво нашминкани, влегуваат веднаш преку ред – по избор на вратарот.
За момчињата никаква „шминка“ не е пресудна, но пресуден е начинот на кој се однесуваат пред дискотека и доколку им се допаднат на вратарите ќе влезат без проблем, но доколку не, тогаш започнува вистинската „драма“.
Вратарите без никави аргументи, едноставно не сакаат да ги пуштат момчињата во дискотека, па во вакви ситуации најчесто започнува вербална кавга помеѓу вратарите и момчињата, за на крај вратарите да си земат за право да ги истуркаат и буквално на сила да ги исфрлат момчињата кои биле пред дискотеката.
Тогаш се поставува прашањето, доколку вратарите не би се однесувале така, дали воопшто ќе започнела вербална расправија и туркање пред вратата на дискотеката? И дали доколку вратарите сами не почнат да прават селекција, преку која ги пуштаат провокативните девојки први преку ред, па потоа сите останати, ќе има вакви проблеми додека да се влезе во дискотека.
Можеби вратарите си ја знаат својата функција, можеби некој треба да им ја објасни. Како и да е, поради некои нивни „одлуки“ и „сфаќања“ тие индиректно создаваат хаос пред вратите на дискотеките, а младите не може да се опуштат, со помислата дека вечерта слободно ќе влезат во дискотека и ќе си поминат уште една убава вечер.
Нормално, меѓу вратарите има и исклучоци кои знаат како се работи таа работа и едноставно бараат лична карта за да се осигураат дека оној кој влегува во дискотека по полноќ е полнолетен и го почитува законот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Односот на вратарите кои стојат пред скопските дискотеки отсекогаш претставувало еден вид проблем на младите кои сакаа

Пронајдете не на следниве мрежи: