ОДНОС ТАТКО-ЌЕРКА: Татковците ги поставуваат темелите на идните врски на своите ќерки

Посебен однос: таа е неговата малечка принцеза и секогаш така ќе ја доживува, а таа од него ќе бара посебно разбирање и заштита. Но и негативните страни се пренесуваат.Во текот на животот, градиме многу односи и секој е посебен на свој начин, но еден од оние кои најмногу ќе нѐ определат како ќе ги доживуваме работите во животот, е односот со родителите. Секако дека и двајцата родители се важни за здраво и нормално растење, но често, само со едниот од нив создаваме посебен однос. Често мајките понежно се поврзуваат со синовите, а ќерките со татковците. Односот помеѓу татковците и нивните миленички е посебен и во голема мера ќе го определи животот на ќерката.
Таа е негова малечка принцеза и секогаш така ќе ја доживува, било како и да изгледа животот. Тато ќе биде мера за набљудување и мерење на лицата од спротивниот пол, но и повеќе од тоа – таткото со своето однесување и постапките, ги поставува мерилата за идниот живот на ќерката и што да очекува од партнерите. Затоа е битно татковците (секако со помош на мајките), да им всадат на своите ќерки вистински морални вредности и примери.
Психологот д-р Џенифер Кромберг, посвети доста време на таа тема и заклучи дека татковците ги обликуваат свесните и потсвесните очекувања на ќерките. И тоа почнува веќе кај изгледот: често на девојките ќе им се допаѓаат токму мажите кои физички наликуваат на нивните татковци.

Децата уште во најраните години најпрво учат од родителите и од нивното однесување, со тоа што полека почнуваат да создаваат своја слика за светот и формираат очекувања. Истражувањата покажале дека односот со таткото е поврзан со социјалната стабилност и успесите во училиште, но според истражувањето кое неодамна беше објавено во Journal of Genetic Psychology, тој однос ги обликува и идните врски на ќерката.
„Татковците уште во најраните денови ги поставуваат темелите на идниот живот на ќерките. Првите искуства за врските ќе ги научат како да се справат со очекувањата, како да искажат љубов, како ќе се однесуваат во ситуации на несогласување, како да се справат со различни чувства… Нашите родители, истакнува д-р Кромберг, им даваат боја на леќите со кои ќе гледаме на животот и ќе ја обликуваат важноста на меѓучовечките односи“.
Доколку таткото е посебно внимателен кон својата ќерка, но има покажано секакви однесувања кон другите жени во својот живот, ќерката нема да го „впие“ само односот кој го има остварено со неа, туку и моделите на односи кои ги остварил и со другите жени. Освен тоа, татковците можат да им одржат добра лекција и во врска со жените.
„Значи, во тој однос е најбитно да се оствари почитување и разбирање. Односот треба да се базира на искрен разговор, на постојано емотивно поврзување и на едукативно дејствување. Дури и тогаш кога младите жени од некоја причина не го следат примерот на татковците, поточно не бараат физички или психички сличен партнер, всушност го користат таткото како пример и ориентир во нивните избори“, заклучи д-р Кромберг.Во текот на животот, градиме многу односи и секој е посебен на свој начин, но еден од оние кои најмногу ќе нѐ определат како ќе ги доживуваме работ

Пронајдете не на следниве мрежи: