Црвенковски остана на својата одлука да ги бојкотира локалните избори, иако е свесен дека тоа може да и наштети на Македонија на меѓународен палн. Апелите од меѓународните институции не го предомислија Цвенковски да не поднесува кандидатура за изборите во март.
Рокот за поднесување на кандидатските листи истече, а СДСМ не поднесе никаква кандидатура. Условите кои Црвенковски ги постави беа неприфатливи, па тој теши да остане на улица, наместо да се бори на избори. Ова негово однесување и дава и дополнителен мотив на Грција да ја оцрнува Македонија и да изјавува дека е неподготвена и не сака да преговара за името.
Политикологот и професор, Димитар Мирчев, во изјава за Курир вели дека можно е на државата со вакво однесување да и се нанесе голема меѓународна штета.
„Има шанси поради недостаток на дијалог, сепак да има сериозни забелешки во извештајот. Не знам колку ќе влијаат на крајниот заклучок да ни се дадат термини за преговори. Претпоставувам дека тука е нанесена голема меѓународна штета на државата“, изјави Мирчев за Курир.
Универзитетскиот професор вели дека состојбата во која Македонија се наоѓа не би ја нарекол политичка криза, туку политички настани.
„Преовладаа неразумни аргументи, барања, ултиматуми и сега веќе нема бегање од таа ситуација. Нема да има никакви проблеми локалните избори да се одржат регуларно, без неправилности и инциденти. Тоа за Македонија ќе значи многу. Ќе се избере квалитетен кадар за општините. И за градоначалници и за советници. Собранието ќе си продолжи со редовна работа според програмата на Владата за акцесија кон Унијата“, вели Мирчев за Курир.
Фактот што дури и негови луѓе му завртеа грб, не влијаеше врз одлуката на Црвенковски. Тој одлучи наместо гласот на народот, кој неколкупати покажа дека ја поддржува евроинтеграцијата, да го послуша единствено својот глас.
Екс претседателот на земјава не се грижи за македонските интереси. Тој како искусен политичар добро знае каква и колкава штета и нанесува на Македонија, но за да ја спаси својата кариера го заложи достоинството на целиот народ.
Црвенковски остана на својата одлука да ги бојкотира локалните избори, иако е свесен дека тоа може да и наштети на Мак