Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и високиот партиски фуницонер Антонио Милошоски во гостувањето во вестите на Телевизијата Алфа вели дека од првиот престој на Зоран Заев во Брисел може да се заклучи дека- Македонија до денес не ги почнала преговорите со Европската Унија и не е членка на НАТО само заради наметнатиот спор од Грција кон Република Македонија.Сите други изговори за реформи во судство, за образованието, за инфраструктура, за државна администрација се споредни изговори по однос на суштинското прашање деке заради нашето опстојување на ставот, суверена држава – суверено да си го одбере своето име како белег, е единствната пречка што Атина ја искористила за да стави блокада. На судот во Хаг тоа го докажавме од 2008 до 2011 година, истакна Милошоски.
Вели дека гледа навредлив однос од висок функционер во Европската Комисија, Јоханес Хан.
-Тој не ја употребува ниту целата референца поранешна југословенска Република Македонија, туку вели ФИРОМ. Акронимот е многу понавредлив дури и од целосната референца, бидејќи во целосната референца вие го имате во вториот дел Република Македонија, а во ФИРОМ го немате и сте омаловажени, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, тоа можеби е некоја неслучајна порака.
-Можеби е токму тоа ветување дадено од Заев, дека тој би се согласил ако добие покана под акронимот ФИРОМ, навредлив за сите граѓани на Република Македонија – посебно за Македонците, дека тој би бил расположен да игра на таа карта, истакна Милошоски.
-И третата забелешка се ставовите од Атина. Ние гледаме дека таму има и леви политичари и десни, и Сириза како нова партија и ПАСОК како поранешна и Неа Демократија како политичка алтернатива која што веројатно ќе биде следната власт. Имаат многу разлики меѓу себе, но имаат една национална црвена грчка линија која што вика дека додека не се реши ова прашање, ние немаме да ја дигнеме рампата за каков било исчекор на Македонија во Евроатлантските интеграции и ние можеме на Грција да и се лутиме колку и да сакаме, тоа не е фер однос и ВМРО-ДПМНЕ укажуваше на тоа долго време, но може и нешто да научиме, дека во Македонија тоа што недостига е националното единство по националните прашања, истакна Милошоски.Сите други изговори за реформи во судство, за образованието, за инфраструктура, за државна администрација се споредни изговори по однос на суштинск