Одржана трибината „На Македонија и треба твојата идеја“ во Охрид во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Одржана трибината „На Македонија и треба твојата идеја“ во Охрид во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕИле Арнаудов претседател на УМС од Охрид истакна дека веќе неколку пати се одржува денот на идеи во Охрид  каде младите даваат доста конструктивни идеи.
-Видовме дека младите целосно даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, дадоа доста конструктивни идеи кои што ќе се обидеме да ги преточиме во програмата за следните избори. Секоја идеја која ќе влезе во програмата ВМРО-ДПМНЕ ја исполнува, нагласи Арнаудов.
 
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски посочи дека на трибината било потенцирано тоа што треба во наредниот период да го доживее Охрид, а тоа се перспективите за младите.
-Го потенциравме моментот на реформи на реалните перспективи во нашиот град да после една голгота на една лоша и криминална приватизација во ’90 години, сега постојат реални перспективи за младите за вработувања, вели Василевски.
Потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски истакна дека и во иднина ќе продолжат со одржување на трибините.
-Исто вакви трибини до крајот на февруари ќе се одржат околу 14 ширум Македонија. Во Охрид слушнавме многу конструктивни предлози и идеи, истите ќе бидат нотирани и пренесени до експертскиот тим во партијата кој ќе ги разгледува. Доколку се издржани ќе бидат ставени во програмата за изборите, рече Ѓоргиевски.
На трибината беше потенцирано дека со посветеноста на централната власт и градоначалникот во Охрид има реални перспективи за младите.Иле Арнаудов претседател на УМС од Охрид истакна дека веќе неколку пати се одржува денот на идеи во Охрид  каде младите даваат доста конструкт

Пронајдете не на следниве мрежи: