Во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со приватни пензиски фондови беше организирана Втората Тркалезната маса „Состојби и перспективи на реформираниот пензиски систем во Република Македонија“.На Тркалезната маса зедоа учество претставници на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, претставници на КБ Прво Пензиско друштво и НЛБ Нов пензиски фонд и претставници на научната јавност.
Низ плодна и конструктивна дискусија беше направен општ пресек на состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување и беа отворени актуелни теми поврзани со: членството, едуцираноста на членството и пошироката јавност за суштината и начинот на функционирање на системот, прашања поврзани со инвестирањето на средствата, потребата од нови инструменти и недоволната развиеност на домашниот пазар и беше отворено прашањето на првите пензионери, односно повозрасните членови на системот кои веќе го достигнале прагот на возраста за старосно пензионирање.
Од расправата произлегоа следните заклучоци:
1. Системот на капитално финансирано пензиско осигурување се развива стабилно во рамките кои се трасирани со пензиската реформа. Сите институции вклучени во системот изградија капацитети да се соочат со сопствените надлежности и одговорности и заеднички да обезбедат унапредување и развој.
2. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување успешно се преструктуира и транзитира кон самостојно и независно регулаторно тело. Имајќи ги во фокусот интересите на членовите клучна преокупација се ризиците и настојувањето друштвата и останатите институции во континуитет да градат и унапредуваат системи за управување со сите ризици на кои е изложена оваа дејност.
3. Членството во задолжителните пензиски фондови достигна над 345.000, средствата растат со задоволителна динамика и на крајот на октомври изнесуваат над 417 милиони евра. Доброволните пензиски фондови се развиваат побавно, имаат над 18.000 членови преку професионални и индивидуални сметки и акумулација на средства од над 4,5 милиони евра. Ова година се очекуваат солидни приноси од инвестирањето на средствата.
4. Структурата на инвестициите на пензиските фондови покажува концентрација во домашни државни хартии од вредност, пораст на инвестициите во сопственички хартии во странство, ниско учество на инвестициите во домашни акции и континуирано опаѓање на вложувањата во банкарски депозити. Потребно е приспособување на регулативата во делот на инвестирањето и отворање на нови можности за диверзификација. Друштвата и натаму ја истакнуваат потребата од појава на нови инструменти на домашниот пазар, поврзани со конкретни енергетски, инфраструктурни или други проекти, особено истакнувајќи го трендот на раст на акумулираните средства и очекувањата во наредниот петгодишен период вкупните средства на задолжителните пензиски фондови да надминат една милијарда евра.
5. Нивото на едуцираноста на членството и пошироката јавност за пензискиот систем може да се подобри. Во изминатите години друштвата потрошија високи износи на средства за директен маркетинг, информирање на членството и промоција на системот преку агентските мрежи. Едукација и потребата од промена на свеста и разбирањето на областа на пензиското осигурување, очигледно е долгорочен процес. Едукацијата е активност која треба континуирано да се спроведува преку заеднички и индивидуални проекти на друштвата, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата МАПАС.
6. Во наредниот период друштвата, Агенцијата и МТСП, во очекување на првите пензионери од капитално финансираните фондови, ќе посветат посебно внимание на анализата на повозрасното членство во задолжителното пензиско осигурување.Сите учесници на тркалезната маса ја истакнатаа потребата од одржување на ваков вид настани, на кои низ отворен дијалог и аргументирана размена на мислења, ќе се отвораат актуелни теми и со критичен и иновативен пристап ќе се предлагаат решенија за унапредување на системот.
Повеќе информации може да добиете на следниот ЛИНКНа Тркалезната маса зедоа учество претставници на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за супервизи