По долга врска, може да се појави монотонија. Решението не е да раскинете, иако ја сакате личноста со која сте, за да имате промени во животот, а подоцна да се каете, туку да внесете новости во вашата врска преку вашата креативност и нормално со малку труд и воља, во ниеден момент нема да почувствувате монотонија и да ги почувствате годините кои сте ги поминале со партнерот.
Еве ви неколку трикови како да ја избегнете монотонијата во долгогодишната врска:
1. Излезете на состанок, како на почетокот од врската
Можеби сте го запоставиле овој дел, но секогаш можете да го изненадите вашиот партнер со покана за состанок. Излезете во некој ресторан или кафуле, каде што ќе уживате во неговото друштво како на почетокот од врската. Можете да разговарате за општи теми, исто како прв пат да се запознавате. Да разменувате мислења, ставови, искуства. Сето тоа ќе донесе нова свежина во врската, а покрај разговорот можете да вметнете и доза на флерт, кој уште повеќе може да ја вжешти атмосферата.
2. Прославете со него, без никаков повод и причина
Понекогаш е убаво да прославите без никаков повод. Иненадете го со домашна вечера, ручек, или купете му некој мал подарок, без никава причина. Тоа ќе му покаже дека сте грижлива девојка, која сака да го направи среќен својот партнер и да му покаже колку го сака.
3. Организирајте му викенд со другарите
Доколку го направите ова, тогаш вие ќе бидете перфектната девојка за него. Можете да се договорите со неговите другари, да организрате викенд патување, каде што ќе може да ужива со своето друштво и да ги прави оние „машки“ разговори и работи со нив. Викенд патувањето не мора да значи дека ќе оди по стрип клубови и ќе флертува со други девојки, туку дека понекогаш на машкото му е потребен одредена промена, освен девојка, работа, и дома.
4. Напишете му љубовна порака или оставете му секси фотографија од вас
По напорниот ден, убаво е да прочита некоја љубовна порака од вас, која ќе му даде до знаење дека има некоја личност во својот живот која го обожава и мисли на него. А доколку таа љубовна порака ја „засолите“ со секси фотографија од вас, ќе нема да дочека да ве види за да ги исполни своите еротски фантазии и да ви покаже колку ве посакува.