Одвоени 14 милиони денари за проекти од Источниот плански регион

Градоначалниците од Источниот плански регион попладнево во Делчево одлучуваат за проектите кои ќе бидат поддржани со средства од Бирото за рамномерен регионален развој за што се предвидени 14 милиони денари.Претседателот на Советот на градоначалници од ИПР, Ратко Димитровски, истакна дека очекува единство кај градоначалниците во врска со приоритетите кои ќе се одберат за реализација.
– Имаме на располагање 14 милиони денари од Министерството за локална самоуправа, односно од Бирото за рамномерен регионален развој, а пред нас се 18 проекти од општините. Одлучуваме за распределба на средствата и се надевам дека ќе бидат одбрани оние проекти кои, навистина, се приоритетни за развој на регионот и пооделно за општините, рече Димитровски.
Центарот на ИПР во моментно работи на административна подготовка за започнување со реализација на двата големи проекти добиени преку ИПА програмата.
– Центарот работи на два големи проекта од програмата за прекугранична сорабтка. Се работи за еден инфраструктурен и еден полуинфраструктурен проект, односно  првиот проект е „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ што значи реконструкција на општинската зграда на Општина Кочани, а овој проект се работи во партнерство со општина  Благовеград, додека партнер во вториот проект е Клиничката болница во Штип и станува збор за поврзување на здруженијата  на лекари од Благоевград и штипското Здружение, но предвидена е и набавка на мала опрема која ќе ја донираме на  Одделението за уво, нос и грло, истакна Здравевска.
Таа додаде дека вредноста на двата проекти изнесува  640 илјади евра, донаторски средства.
-Исто така, во моментов ја завршуваме и Програмата за зачувување на природата во Македонија која ја реализираме веќе  четири години и за што регионот на име проекти со цел зачувување на животната средина има добиено 4,5 милиони швајцарски франци, додаде Здравковска.
Градоначалниците од ИПР денеска ќе одлучуваат и за предложените осум  претоварни  станици за акумулирање на цврстиот отпад, од каде ќе се носи отпадот до централната регионална депонија која ќе биде заедничка и за Источниот и за Североисточниот регион.  Тоа е проект кој ИПР со поддршка од ЕУ со 35 милиони евра го работи изминативе четири години.Претседателот на Советот на градоначалници од ИПР, Ратко Димитровски, истакна дека очекува единство кај градоначалниците во врска со приоритетите к

Пронајдете не на следниве мрежи: