ОДВРАТНА ВИСТИНА ЗА ПАРМЕЗАНОТ: Ќе ви се слоши кога ќе дознаете за што станува збор!

Дали пармезанот кој го купуваме во кесички е навистина пармезан? Ако им се верува на инспекторите – производителите навистина нѝ подметнуваат сѐ и сешто.Многу производители на храна подметнуваат состојки при правење на своите производи и така се наметнува прашањето дали навистина се храниме здраво. Инспекциите во сите држави имаат проблеми со прехрамбените производители и нивните измами. Во САД е актуелна аферата „пармезан“.
Експертите од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) пред три години одеднаш ја посетија фабриката за сирење „Castle Cheese Inc“ во селскиот дел на Пенсилванија и открија дека под етикетата за стопроцентен пармезан се продава сешто. Кесите главно се исполнети со евтино сирење или остатоци кои се користат во прехранбената индустрија.
Некои производители на пармезан ги лажат купувачите така што ги полнат кесите со премногу целулоза која обично се додава за стврднување или користат евтин чедар. Поради оваа измама, пред судот беше изведена директорката на „Castle Cheese Inc“ Мишел Миртер, која овој месец би требало да ја признае вината и ја чека затворска казна до година дена и околу 100.000 долари парична казна.
Американската новинска агенција „Bloomberg News“, им даде на група независни експерти да тестираат во лаборатории пакувања од сецкани сирења. На пример, целулозата е сигурен адитив, но прифатливото ниво е околу 2-4 отсто, вели Дин Сомер, кој е прехранбен експерт од Медисон во Висконсин.
Готово сите тестирани сирења имале околу осум отсто целулоза, додека еден производител имал околу еден отсто, иако целулозата не е ни наведена на амбалажата како додаток.
Познато е дека целулозата се добива од дрво.
Според извештајот од Агенцијата за храна и лекови, неколку брендови не користеле пармезан во производството, туку ги полнеле кесите со комбинација од евтини сирења, моцарела, чедар и целулоза.
Друго истражување покажало дека од 28 брендови, дури една третина навистина го продаваат она што го пишува на амбалажата.
ФДА уште во педесеттите години од минатиот век ги регулираше стандардите според кои некое сирење официјално може да се нарече пармезан и мора да се продава под тој назив.
Фото: imipolexg

Пронајдете не на следниве мрежи: