Припадничките на понежниот пол не се ништо помалку склони од момчињата кон некои потполно природни и нормални работи, кои можеби и не се баш толку секси. За среќа на посилниот пол, дамите овие работи воглавно ги прават додека се сами.
Со денови носат иста облека
Без проблем, поминуваат три дена по ред во иста маичка. Ем им е удобно, ем не размислуваат за тоа што да облечат и можат да го пуштат мозокот на „пасење“
Не носат градник
Овој задолжителен дел од женската гардероба често знае да стиска и смета, што некои дами неможат да поднесат да го носат дури и по дома. Ослободувањето од градникот е првото нешто што го прават девојките кога ќе дојдат дома од работа, веднаш по миењето на рацете.
Се дотеруваат скришно
Жените се средуваат во секој прилика, дури и ако момчето за момент се заврти на другата страна: „Отишол до продавница? Ете одлична можност да си го поправам карминот или сенката за очи“. Дамите така размислуваат бидејќи им е важно да изгледаат добро во секоја прилика, особено кога се во машко друштво.
Мирисаат под пазувите
Се случува во брзањето наутро, шминкање и пеглање гардероба, да заборават да стават дезодоранс под пазувите. И токму тогаш се „трипуваат“, бидејќи не се сигурни дали за одредена личност оставаат непријатен мирис. Растегнувањето и мирисањето под пазувите во момент на осаменост изгледа како добра опција на суптилен начин да проверат до кој стадиум мирисаат непријатно.
Анализираат СМС пораки
Кон ова се склони кога се сами дома и немаат попаметна работа. Музиката на радио е досадна, филмот кој се емитува на ТВ не привлекува внимание, садовите се измиени, и што друго им преостанува освен да го чепкаат телефонот? Ги читаат одново пораките и прават анализа на истите.
Мастурбираат
Самозадоволувањето е сосем нормална работа и го практикуваат повеќето жени. И не само тоа. Кога се сами дома знаат да го пуштат нивниот омилен канал на интернет за да гледаат порничи. Па не им верувајте на жените кои ве убедуваат дека никогаш не гледале ниту еден. Постои голема веројатност дека ве лаже.
Јадат како луди
Тие се во можност да изедат цела пица или една кутија колачиња одеднаш. Но тоа само тие го знаат и не ни помислуваат такво нешто да признаат. Понекогаш потребата да се прејадат и да не ги бројат калориите е толкава, така што едноставно мораат да се уништат јадејќи за да се чувствуваат задоволно.
Мочаат под туш
Можеби човекот навистина потекнува од мајмун со оглед на сите животински инстинкти кои „лежат“ во него. Па и во жените, бидејќи оваа акција ја извршуваат секогаш кога ќе се најдат сами под туш.
Чепкаат нос
Непријатното пецкање или чешање во носот секогаш ќе го решат со помош на палома кога во друштво. Но, кога тие се сами дома, прстите ќе го направат своето.
Не ги депилираат нозете
Ако немаат потреба, многу е веројатно дека нозете ќе останат не депилирани. На ова дамите се особено склони зимоска, затоа што сета дебела облека и панталони им одат во корист. Дури и ако момчето е надвор од градот, тоа е одлична можност да се релаксира малку и да ги запостави нозете некој период.
Поминуваат долги часови во бањата
Се бањаат со часови, седат во када, пуштаат музика и уживаат во испробување на разно разни шминки и правење фаци пред огледало.
Стискаат акни
Тие сакаат да ги стискаат акните како на себе, така и на своите сестри, пријателки, па и на своите партнери. Сета среќа што тоа го прават пред спиење, така што сите траги во потполност ќе се избришат до наредниот ден.Припадничките на понежниот пол не се ништо помалку склони од момчињата кон некои потполно природни и нормални работи,