среда, 25 ноември 2026
Најново

Одземена опрема за игри на среќа од објекти во тетовско

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поголема количина опрема и други материјали за нелегално приредување игри на среќа биле пронајдени и одземени при заедничката акциска контрола на полицијата и Управата за јавни приходи во три објекти во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.Контролите биле спроведени викендов, од 16 до 19 часот во еден објект во Тетово, Теарце и Доброште, во кои нелегално се приредувале игри на среќа.
– Во трите објекти без фирма, чии сопственици се идентификувани пронајдени и со потврда одземени се 13 телевизори, 6 компјутерски куќишта, 8 монитори, 4 тастатури, 3 апарати за игри со кучиња, исто толку баркод читачи, 4 мали печатачи, 3 мауси, 3 далечински управувачи и по 1 принтер и рисивер. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со работењето на трите објекти, по што против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци по Законот за приредување игри на среќа, член 156 став 2, изјави Јосифовски.Контролите биле спроведени викендов, од 16 до 19 часот во еден објект во Тетово, Теарце и Доброште, во кои нелегално се приредувале игри на среќа.

Поврзани вести