Одѕивот во Гевгелија изнесува 9,8 отсто до 10 часот

На 37 избирачки места во општина Гевгелија, заклучно со 10 часот, на предвремените парламентарни избори во Македонија, право на глас оствариле 1.800 граѓани од вкупно запишаните 19.363 што процентуално претставува излезност од 9,8 отсто, информира претедателката на ОИК, Гордана Поп-Кочева.Излезноста на осум гласачки места во општина Дојран изнесува 11,6 отсто. Таму заклучно со 10 часот гласале 320 од запишаните 2.568 гласачи, информираше  претседателот на ОИК, Митко Андонов.
Приближна излезност на гласачите од 11,08 отсто е регистрирана во општина Богданци каде до 10 часот гласале 765 од запишаните 6.906 граѓани.
Најголема излезност од 12,7 отсто на југоистокот од земјава е забележана во општина Валандово каде според податоците од ОИК до 10 часот правото на глас го искористиле 1.274 од запишаните 10.024 гласачи.
Изборниот процес во овие четири општини до сега се одвива во најдобар ред, без пријавени нерегуларности.Излезноста на осум гласачки места во општина Дојран изнесува 11,6 отсто. Таму заклучно со 10 часот гласале 320 од запишаните 2.568 гласачи, информи

Пронајдете не на следниве мрежи: