САД и Јапонија го предводат заздравувањето на најразвиените светски економии, додека заздравувањето во тврдоглаво ранливата еврозоната бара намалување на каматните стапки, предупреди во четвртокот Организацијата за економска соработка и развој (OECD).Прогнозите за групата седум најголеми економии во светот Г8 на крајот се подобрени, иако сé уште е прерано владите и централните банки да ги укинат вонредните мерки за поддржување на економскиот раст, предупредуваат исто така од OECD.Според нивните прогнози, овие економии во првото годинешно тромесечје во просек ќе порасната за 2,4 отсто, во однос на истиот период минатата 2012 година, откако во претходниот квартал, последниот од минатата година се намалила за 0,5 отсто. Во второто тримесечје од 2013 година, пак, се предвидува растот за забави на 1,8 отсто, проценуваат во OECD.„Сакаме да истакнеме дека сега веќе сме умерено оптимистични. Сведоци сме на зацврстувањето на растот во САД, благодарејќи на новите мерки гледаме и посилен раст во Јапонија, а истото важи и за Германија“, изјави Пјер Карло Падоан, главен економист во OECD.Скусената верзија на извештајот објавена во четвртокот содружи и процени за тримесечниот раст за групата Г8, а целосната верзија на извештајот ќе биде објавена во мај.Најголемата светска економија, САД, ја предводи групата, со проценет раст во првиот квартал од 2013 година од 3,5 отсто. Во второто тромесечје, според процените на OECD, би требала да забави на два процента.Со новите мерки зајакнатата јапонска економија би требала да порасне за 3,2 отсто во првите три месеца од годинава, како и за 2,2 отсто во периодот од април до јуни.Прогнозите за најголемите економии во еврозонатата, пак, покажуваат големи разлики, па најголемата економија, на Германија, би требало да порасне за 2,3 отсто, по 0,6-процентниот пад во последното минатогодишно тромесечје. Во вториот годинешен квартал, растот на германската економија би требало да забрза на 2,6 отсто.Франција би требало да излезе од рецесија дури во вториот квартал, кога би требала за забележи раст по стапка од 0,5 отсто, додека во случајот на Италија не се надзира светлото на крајот од тунелот до половината на 2013 година.Оттаму Европската централна бана, имајќи ја предвид ниската инфлација, има причина дополнително да ги намали клучните каматни стапки и можеби треба и експлицитно да ги сигнализира своите намери за иднината, истакнува Падоан.
МакфаксСАД и Јапонија го предводат заздравувањето на најразвиените светски економии, додека заздравувањето во тврдоглаво ранл