Бурата Офелија денеска го погоди јужниот брег на Ирска, при што загинаа три лица.Бурата предизвика бранови кои достигнуваат и до 10 метри височина.
Околу 210.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
– Офелија е многу опасна бура. Последниот пат кога имавме вакво невреме загинаа 10 лица, наведе ирскиот премиер Лео Варадкар.
Тој предупреди дека и по преминувањето на бурата ќе останат многу опасности поради паднатите дрвја и далноводи.
Велика Британија издаде предупредување за поплави.
Како последица од Офелија, во местото Корк, се урнал дел од трибината на фудбалскиот стадион.
Во текот на ноќта Офелија ослабна од ураган во бура, а ветрот достигна брзина од 176 километри на час.
– Ударите на ветрот се опасни по живот, предупреди претставникот на ирската Национална служба за вонредни ситуации, Шон Хоган.
Сите образовни институции во Ирска се затворени поради невремето.
Во Шкотска, Велс и делови на Англија е издадено „жолто-предупредување“.
Метеоролозите нагласија дека Офелија е најсилниот ураган некогаш забележан во Атлантскиот Океан и прв од 1939 година што „пристигнал“ толку далеку на север.Бурата предизвика бранови кои достигнуваат и до 10 метри височина.